Обратете внимание додека сте во тоалет: Овие знаци може да ви откријат дека имате опасна болест од која страда шест отсто од популацијата
Верувале или не, но високиот шеќер во крвта може да предизвика здравствени проблеми
Експертите забележуваат дека раните знаци на дијабетес, меѓу другото, може да се забележат и при одење во тоалет. Затоа, отсега посветете малку повеќе внимание.
Чешање и пецкање
Чешање или пецкање за време на мокрењето може да биде последица на дијабетес. Тие се јавуваат со габични инфекции или инфекции на уринарниот тракт. Ако овие инфекции станат премногу чести, недијагностициран дијабетес може да биде виновен.
- Високото ниво на шеќер во урината е плодна почва за развој на бактерии и габи. Луѓето кои имаат дијабетес имаат двојно поголема веројатност да заболат од овој тип на инфекции, велат експертите од UNC Health Care, здравствен систем од САД.
Инфекциите на уринарниот тракт, вклучувајќи ги бубрезите, уретрата и мочниот меур, се чести кај луѓето со дијабетес поради голем број оштетувања на телото предизвикани од болеста.
Различни оштетувања на имунолошкиот систем, слаба метаболичка контрола и нецелосно празнење на мочниот меур поради автономна невропатија може да придонесат за зголемен ризик од инфекции на уринарниот тракт кај луѓето со дијабетес. Сите видови на инфекции на уринарниот тракт се почести кај пациенти со дијабетес тип два, според студијата објавена во медицинското списание Дијабетес, метаболичен синдром и дебелина: цели и белешки за терапија.
„Дијабетесот е исто така поврзан со полоши исходи од инфекции на уринарниот тракт, вклучувајќи подолги хоспитализации и зголемена смртност“, се вели во студијата.
Експертите нагласуваат и дека на луѓето со неконтролиран дијабетес им е потешко да се борат со габични инфекции.
- Овој проблем може да биде поизразен доколку дијабетесот не се контролира соодветно. Имено, некои жени, особено оние со слабо контролиран дијабетес, имаат одреден компромис во нивната способност да се борат со каква било инфекција. Тоа значи дека, покрај тоа што габичните инфекции се почести кај дијабетичарите, тие се и потешки за лекување - објасни др. Даниел Ајнхорн, поранешен претседател на Американското здружение на клинички ендокринолози и медицински директор на Институтот за дијабетес Скрипс Витиер во Сан Диего, пренесува „Мсн“.
Foto: Pintrest