Обратете внимание на нив: Промените во нашето тело на 20, 30 и 40 години
Жените
учат за основните промени во нивното
тело за време на пубертетот. Сепак, помеѓу некои посебни часови за
созревањето и книги за
самостојно учење, ние испуштaме
уште една вистина - нашите тела се во постојана промена, а, не само во
тинејџерски години.
Односно, нашата физичка состојба се менува и во зрелоста, без разлика дали ја чувствуваме или не.
Ако сте забележале дека вашето тело почнува да изгледа поинаку, тоа е сосема нормално.
Медицински професионалци тврдат дека во текот на различните децении од нашиот живот е сосема нормално, телото да ни се менува.
Во вашите 20-ти
Појава на акни
Дури и ако не сте ги имале во тинејџерските години, тие може да се појават во подоцнежна фаза, вели нутриционистот д-р Адријан Џудим. Втората деценија од вашиот живот може да значи почеток на т.н. „Акни кај возрасни“, што се јавуваат за време на циклуси и периоди на стрес.
Во вашите 30-ти
Губите мускулната маса
Сепак, намалувањето на мускулната маса во третата декада од вашиот живот доведува до зголемување на телесните масти. Затоа, 30-годишна жена има поголема веројатност да има повеќе масти од 20-годишна жена, дури и ако двете имаат иста тежина.
Метаболизмот се забавува
Ова е можно да се забележи по 25-та година од животот, но најмногу по 30-та година. Со секоја деценија, метаболизмот се забавува помеѓу 2 и 4%, што доведува до зголемување на телесната тежина.
Коските се разредуваат
За да се одржи силата на вашите мускули и коски, лекарите препорачуваат тренинг со тегови, хранлива храна и избегнување цигари.
Во вашите 40-ти
Повеќе маснотии во стомакот
Пад на естроген и зголемување на тестостерон предизвикуваат прераспределба на маснотиите на оваа возраст. Зголемување на телесната тежина е исто така можно поради намалувањето на мускулната маса.
Далекувидост
Во текот на четвртата деценија, може да имате потешкотии да се фокусирате на предмети што се оддалечени помалку од 1 метар. Тогаш може да почувствувате потреба за очила за читање.
Внесувате помалку хранливи материи
Жените на возраст од 40-тина години не ја обработуваат храната како и порано, а причината е пад на киселина во стомакот. Ова може да предизвика недостатоци, особено на витамин Б12, и како резултат на тоа доживувате замор. Внесувањето на Б12 и комплекс на ензими за добро варење, како и избегнување на течности за време на оброците, помага да се апсорбираат повеќе хранливи материи.
Извод: edna.bg
Можеби ќе ве интересира:
Пет витамини и минерали кои жените треба да ги земаат по 30-тата година