Од градежник и столар до богат млад човек: Атанас Стојкоски искрено за Женски магазин за неговиот пат кон успехот
Постарите велат биди трудољубив човек, работи, никогаш не се
откажувај и тоа еден ден ќе ти се исплати. Токму доказ за ова е Атанас
Стојкоски кој како што сподели со Женски магазин, работел се‘ и сешто, се
доградувал редовно и никогаш не се откажал, никогаш не ни помислил да се откаже
од своите соништа, па така со многу труд и долгогодишна работа денес е млад и
богат човек кој сега со сопругата живее во Америка.
„Работев било каква физичка работа за која бев платен од 300-800 денари дневница. Денес сум на многу повисоко скалило“, вели Стојкоски за Женски магазин и во оваа интервју го открива својот пат како го постигнал својот успех, за кој работел многу.
*На самиот старт од интервјуто да ги запознаеме читателите, кој е Атанас?
- Атанас Стојкоски, е човек кој сака да патува низ светот, човек кој посети 6 континенти, кој ужива во авантурите, пејсажот, егзотичните места и местата на кои може да се забележи луксузниот живот....
Се‘ тоа беше сон и невозможно. Најдалечната дестинација ми беше Охрид кој си го дозволував еднаш годишно со работа. Со тешко заработени пари - работев градежништво, но и столарија, односно било каква физичка работа за која бев платен од 300-800 денари дневница.
Но не се откажав! Имав аплицирано во многу фирми во Македонија, но немав никаков одговор…завршив школа за Крупиер и така започна се‘ пред 8 год кога за прв пат после многу обиди во нашата земја јас се вработив.
После 2 години работење една од најкомплицираната работа како Крупиер во казино добив понуда и шанса да работам на крузер... најпрво започнав на помал крузер, за 3 месеци бев префрлен на еден од најлуксузните крузери со 6 ѕвезди, таму запознав многу успешни луѓе што направиле милиони и си ја купиле слободата, но не со работа од 09 -17 часот.
Тоа ми ги отвори очите како да станам подобра верзија од себе и да бидам слободен. Поминувајќи низ многу земји почнав да истражувам повеќе, се трудев да бидам подобра верзија од вчера, на крузерот почнав да се усовршувам... земав курсеви да се надоградувам, учев од другите, земав информации од милионери така да дојдов до многу повисоко скалило.
Мечтаењето од мал ме натера да се откажам од зборот „Не можам" и секогаш силно верував дека ќе бидам овој човек кој сум денес и оној кој сакам да го гледам како уште подобар и не се откажав од своите соништа...зошто на крајот на денот сонуваме за да остваруваме.
*Пребарувајќи на Интернет наидовме на вашиот профил, на кој може да се забележат многу интересни пејсажи, архитектонски градби, луксузни возила... каде се‘ сте прошетале – патувале по светот?
-Имам посетено многу рајски места меѓу кои „Фиџи“,„Тахити“,„Моореа“,„Бора-Бора“, „Бахамите”, „Хаваи”(таму бев ди-џеј и имам настапувано по луксузни хотели и барови) тоа се места на кои би се враќал одново...иако има уште како „Монте Карло“,„Ерусалим“,„Хавана – Куба“...
*Која храна ви е највкусна?
-Ги сакам нашите македонски традиционални...но секако преферирам и кинеска храна, морска храна и слично...
*Каде ќе летувате годинава?
- Оваа година со сопругата сум во Њу Џерси, Њујорк, САД. Мојата сопруга е Американка професионална балерина, танчерка, акробат, учител и кореограф (а исто така и јас танцувам и имам повеќе пати настапувано во Македонија и освоено прво место во категоријата Хип Хоп. Мојот последен настап беше во универзална сала 2014).
Последен настап на Атанас во категоријата Хип Хоп во Универзална сала во 2014
Со мојата сопруга Деанна се запознавме на крузер, на кој работевме 8 месеци, па одлучивме да живееме заедно. Прво таа дојде во Македонија, но сега сме преселени во Америка. Оваа година поради обврските ќе патуваме низ Америка, но секако бидејќи и двајцата сме авантуристи планираме еден убав одмор на место кое досега го немаме посетено.
*Како личност која на Инстаграм има над 30.000 следбеници, што би им порачале на сите оние кои сакаат да се пробаат во инфлуенсерството?
- Сега сум конечно слободен и заработувам онлајн…на мојата веб страница имам членови од повеќе земји и баш ме радува фактот што има голема заинтересираност од Македонија. Пресреќен сум што им давам пристап до премногу курсеви и категории на видео, аудио, книги…(Што вредноста на се‘ тоа е илјадници долари) што ќе им помогнат како да излезат од системот на модерни робови... невозможно е само она кое не можеш да си го замислиш... се‘ друго е возможно... позитива, мислете добро на другите, радувајте се на туѓиот успех и се‘ што сте замислиле ќе ви се оствари само мора да работите на себе и на тоа што сте го замислиле…Среќата не доаѓа. Среќата сами си ја креираме…Разбудете се од лошиот сон што други ви го креираат, светот и животот е преубав, најдете начин и вие да го видите и живеете. Да не се лажеме животот е краток, ваш е и вие одлучувате за се‘. Не плашете се, почнете да го живеете животот што сте го замислиле. Тоа е мојот совет до сите...
*Каде се гледате за 10 години од сега?
- Во наредниве 10 години се надевам дека ќе ги доостварам своите соништа и ќе бидам еден од најуспешните и најмоќните луѓе во светот и ќе имам повеќе шанси да помагам на другите околу мене…“, заклучува Атанас.
Наталија Миланова
ГАЛЕРИЈА: