Од класични до модерни: Плисираните здолништа оваа есен се враќаат во мода

Добивај вести на Viber

Ниту прекратките, ниту предолгите, плисираните миди здолништа станаа незаменлив дел од секоја гардероба, без оглед на временските услови, и се совршено парче есенска облека, кое внесува допир на елеганција и удобност во секој изглед.

Со доаѓањето на есента, модниот свет често наоѓа инспирација во училишните униформи. Така минатата година бевме сведоци на враќањето на Мери Џејн чевлите и оксфорките и оверсајзд блејзерите кои владееја на модната сцена. Ваквиот „училишен изглед“ влијаеше и на кроевите на здолништата, па така во мода се враќаат сестраните плисирани здолништа со средна должина.

Се чини дека тоа не е само минлив тренд, бидејќи плисираните здолништа доминираат во колекциите на многу брендови оваа есен, а ги прифатија и дизајнерите на големите модни куќи како Chopova Lowena, Anna Sui 16Arlington.

Ниту прекратките, ниту предолгите, плисираните миди здолништа станаа незаменлив дел од секоја гардероба, без разлика на временските услови, и се совршено парче облека за есента, внесувајќи допир на елеганција и удобност во секој изглед. Овие здолништа се разноврсни и лесно се комбинираат со различни стилови, што ги прави идеален избор за различни прилики, а можностите за стајлинг се навистина бесконечни.

Како да ги комбинирате?

Плисираните здолништа одлично се комбинираат со топли џемпери, особено оние од волна или кашмир. Спојте ги со чизми до колена за шик изглед или со балетанки за секојдневен изглед. Додадете преголема јакна или капут за дожд за дополнителнa слоевитост и заштита од студот.

Ова парче облека е идеално за различни пригоди, од деловни состаноци до викенд патувања. Со малку креативност, лесно може да се прилагодите на свечени или лежерни ситуации, што ќе ви овозможи да изгледате елегантни и добро облечени без разлика на пригодата.

Популарните high street брендови нудат бројни стилски модели оваа есен. Без разлика дали сакате класични карирани дезени или повеќе се приклонувате кон помодерен, минималистички дизајн, сигурно ќе најдете нешто по ваш вкус во нашиот избор на најубави плисирани здолништа.



Материјали и примероци

Во есента се препорачува да се изберат плисирани здолништа од потешки материјали како волна или комбинација од памук и полиестер. Потемните бои и дезени, како што се карираните или ригите, се совршени за оваа сезона, додавајќи топлина и софистицираност на секој изглед. Што се однесува до боите, сивата, темно сината и бордо се во тренд оваа сезона.


ФОТО: Принтскрин инстаграм