Од несреќниот брак ја спасил Клуни, се зборуваше дека Чарли Шин пукал во неа додека биле верени: А тој ја ожени и сакаше до смрт

Добивај вести на Viber

Неверојатниот љубовен живот на холивудската актерка Кели Престон беше кобен за закоравените ергени, а со Траволта доживеа безвременска љубов и најголема болка.

Кели Престон беше една од најубавите жени во Холивуд, а нејзиниот брак со колегата Џон Траволта беше една од најубавите љубовни приказни, но тој не е единствениот миленик на жените чие срце таа го украде.

Во средината на осумдесеттите години на минатиот век се омажила за Кевин Гејџ, но како што самата изјавила, веројатно „не бил среќен брак“. Всушност, разводот следел во 1987 година, по две години брачен живот.

Потоа и се вкрстиле патиштата со познатиот Џорџ Клуни, кој тогаш бил ѕвезда во подем, а тоа се случило кога нивниот агент ги повикал на истата забава. По забавата, Кели била поканета од Џорџ да се прошетаат со неговиот мотор Харли Дејвидсон, а актерката признала дека била „маѓепсана“ по возењето. 

Многу брзо овој славен пар решил да живее заедно. Сепак, колку и да се сакале, нивната љубовна приказна не траела долго...

По раскинувањето, Кели излегувала со Чарли Шин, со кој била кратко верена, а раскинале откако актерката била ранета со пиштол, за што јавноста долго го обвинуваше контроверзниот актер. Но, неодамна Чарли откри што навистина се случило тој кобен ден. 

Комичарот рекол дека Кели тогаш сама го испукала куршумот и дека тој нема никаква врска со тоа. Вели дека во тој момент бил на приземје и подготвувал кафе.

- Мислев дека е уште полошо и дека спие, потоа слушнав истрел и помислив дека конечно го направила тоа. Верував дека се самоубила и дека ќе ме обвини за тоа. Се качив и ја видов гола на скалите како го држи зглобот и ме гледа облеана во крв, изјави актерот.

Чарли рече дека актерката случајно испукала истрел од пиштолот што бил во џебот од панталоните. После тоа пукнала тоалетната школка, а Кели била повредена од еден од пукнатините.

- За жал, луѓето со години размислуваат дека се обидов да ја убијам Кели Престон, се пожали Шин. 

По нивната врска, актерката за магазинот „People“ изјави дека Чарли е добра личност и голем човек и дека за време на нивната едногодишна врска не се дрогирал и не пиел.

Откако ја раскина веридбата со Шин, Кели започна романса со Џон Траволта, кој го запозна додека се‘ уште беше во брак со Гејџ и со кој работеа заедно. По само неколку месеци врска, Џон ја запроси Кели. Беше изненадување за сите што ги познаваа бидејќи кратко време беа во врска, но Кели рече „ДА“ и беше пресреќна. Рекла дека нејзините чувства кон него се толку силни што е сигурна дека тоа било љубов на прв поглед и засекогаш. 

Тие се венчаа набргу по веридбата, а следната година го добија синот Џет. Девет години подоцна, во 2000 година, Кели ја родинивната ќерка Ела Блу.

Но, во 2009 година, страшна трагедија и најлошиот кошмар на секој родител го снајде парот - нивниот син Џет почина за време на одмор на Бахамите. 

Џет, всушност, боледувал од болеста Кавасаки и имал напади, а Траволта и Престон постојано обвинувале „разни хемикалии“ за здравствените проблеми со кои се борел нивниот син. Наводно, при еден напад паднал и си ја повредил главата, а куќната помошничка во лоша состојба го пронашла во бањата, по што повикала помош, но додека тој стигнал во , лекарот можел само да констатирана смрт.

-Тоа е најлошото нешто што ми се случило во животот. Да ја кажам вистината, не бев сигурена дека ќе го преживеам – признала актерката подоцна.

Дури по неговата смрт било откриено дека е аутистичен, што актерите потоа го потврдиле, а заедницата на родители на деца со аутизам често ги критикувала дека ја кријат оваа информација.

Џон и Кели знаеја дека мора да си дадат простор, но и дека мора да бидат тука еден за друг. Како трагедијата да ги зближи поблиску од било кога, Џон и Кели добија уште еден син Бенџамин во 2010 година. Двојката постојано во јавноста зборуваа дека раѓањето на нивниот втор син  ја вратила светлина и радоста во нивниот дом. 

Парот го преброди овој многу тежок заеднички период, а еднаш дадоа и заедничко интервју во кое раскажаа за тоа како нивната љубов опстојува долги години. 

– И двајцата се грижиме еден за друг и се заштитуваме, „апдејтувајќи ја“ нашата врска – изјави Траволта за Closer Weekly.

- Продолжете да внимавате, продолжете да растете и да се менувате. Продолжете да работите сами, само вие двајца – ги советувала актерката читателите на овој весник.

Кели, инаку, со години се соочува со непријатни коментари дека Траволта неколку пати ја изневерувал со масери, како и дека е хомосексуалец кој ја користел како параван. Доста млади мажи го обвинија за сексуално вознемирување, па дури и некои познати личности и кажаа за тоа како да е јавна тајна. Познатата Кери Фишер еднаш рече дека „сите знаат дека Џон Траволта е геј“. 

Во септември 2019 година, Џон Траволта и Кели Престон ја прославија 28-годишнината од бракот, а и двајцата си испратија слатки честитки на Инстаграм. Пораката на Кели гласеше:

- На мојот најмил Џони, најдобриот човек што го познавам. Ми ја даде надежта што ја изгубив, ме сакаше трпеливо и безусловно... Ме насмеа посилно од кој било човек... Ги споделивме најубавите издигнувања, а понекогаш и падови. Ти си татко од соништата и го правиш животот многу забавен. Со тебе знам дека секогаш ќе бидам добро, што и да се случи. Ќе те сакам засекогаш и целосно.

Меѓутоа, една година подоцна американските медиуми објавија дека по две години тајно лекување од рак на дојка, починала актерката Кели Престон. Оваа трагична вест ја потврди нејзиниот животен сопатник и маж на нејзиниот живот. 

- Со тешко срце ве известувам дека мојата убава сопруга ја загуби двегодишната битка со ракот на дојката. Таа храбро се бореше со нашата љубов и поддршка. Семејството вечно ќе им биде благодарно на нејзините прекрасни лекари, како и на пријателите кои беа покрај неа. Секогаш ќе го паметиме животот на Кели полн со љубов – напиша  Траволта.


Фото: Youtube - screenshoot