Од продавачка на цигари до кралица: Животната приказна на кралицата Летиција е бајка на модерното време

Добивај вести на Viber

Летиција Ортиз Рокасолано е сосема обична девојка која со брак стана кралица на Шпанија.
Кралицата Летиција од Шпанија не се роди со сребрена лажица во рака. Таа, како и сите обични луѓе, како млада жена мораше да работи.

Нејзината животна приказна е како онаа од бајката „Пепелашка“. Родена е во семејство на работници од средна класа. Откако го презеде престолот во 2014 година, таа стана омилена кај народот, и честопати беше прогласена за стилска икона.

Во јавноста излезе фотографија од убавата кралица како продава цигари како млада жена.

Spain's Queen Letizia pictured selling tobacco as university student in Mexico http://t.co/WyvcjUn9e5 pic.twitter.com/VAl0HmJUw1

— Daily Mail Online (@MailOnline) July 16, 2014

На фотографијата, младата Летиција е облечена во фармерки со висок струк, бела кошула со името на производителот на цигари и прилично незабележителни чевли.

Летиција Ортиз Рокасолано е родена на 15 септември 1972 година. Покрај неа, нејзините родители имаа уште две ќерки, Телма и Ерика. Сестрите беа блиски, а Летиција беше особено приврзана кон Ерика, која почина во 2007 година, на само 31 година. Летиција никогаш не ја преболе таа трагедија.

Образование и кариера

По завршувањето на средното училиште, таа учеше на Универзитетот во Мадрид и се стекна со диплома по новинарство, и магистрираше.

За време на студиите, Летиција работеше како дневен дописник на весниците од родниот град, а подоцна и за списанието „АБЦ“ и новинската агенција ЕФЕ. По дипломирањето, работеше извесно време како новинар во мексиканскиот град Гвадалахара.

По враќањето во Шпанија, таа работеше како новинар за шпанската верзија на деловниот телевизиски канал „Блумберг“, а потоа се префрли на информативниот телевизиски канал „Си-Ен-Ен+“.

Таа работеше како репортер и пренесуваше важни настани од целиот свет. Нејзината кариера како новинарка беше исклучително успешна, а една деловна задача и ја донесе љубовта на нејзиниот живот.

Во ноември 2002 година, таа беше испратена во северна Шпанија за да ја пренесе приказната за тонењето на танкерот со нафта „Престиж“. Таму присуствуваше и принцот Фелипе, кој дојде да ги поддржува луѓето кои беа најпогодени од оваа еколошка катастрофа.

На тоа место се роди љубов за цел живот, иако двајцата веќе се познаваа од порано. Една година порано, на вечера кај заедничка пријателка Летиција го запознала Фелипе, но тогаш искрата на љубовта не блескала.

Таа репортажа и патувањето во северниот дел на Шпанија целосно го сменија нејзиниот живот. Тие ја започнале врската веднаш, и ја криеле од очите на јавноста сè додека не ја објавија свршувачката. 

На изненадување на јавноста, на 1 ноември 2003 година, шпанската кралска куќа ја објави свршувачката на Летиција Ортиќ за наследникот на престолот, принцот Фелипе. Тие се венчаа на 22 мај 2004 година.

Според странските медиуми, принцот Фелипе ѝ предложил брак со дијамантски прстен, украсен со бело злато. Цената на прстенот се проценува на неколку илјади долари.

На свадбата, Летиција носеше фустан од шпански дизајнер, со вел долг скоро 5 метри.

Пред да се омажи за Фелипе, таа беше во брак со Алонсо Перез, писател и професор по книжевност, во 1998 г. Тие се разведоа после само една година заедничко живеење, а Перез објави книга, „Љубовта на Пени Робинсон“, во која главен актер е Алонсо Гуереро, кој е заљубен во две жени во истиот период. Многумина шпекулираат дека книгата всушност го опишува неговиот живот со Летиција. 

Денес, кралицата Летиција се смета за стилска икона и луѓето ја сакаат затоа што таа ја врати вербата во династијата и кралството. Летиција роди две ќерки, а таа и кралот Филип важат за еден од најхармоничните кралски парови во Европа. 

На 31 октомври 2005 година, тие ја добија својата прва ќерка Ленор, а само 2 години подоцна, на 27 април 2007 година, ја добија и втора ќерка Софија.

До 2014 година, таа ја имаше титулата принцеза на Шпанија. 14 јуни 2014 година, кралот Хуан Карлос му го предаде престолот на својот син, па Летиција стана кралица а нејзиниот сопруг крал.

Летиција и нејзиното семејство живеат на прекрасен имот, во куќа која има над 3.000 квадратни метри.

Секогаш беспрекорен стил

Таа е исто така омилена и инспирација за жените ширум светот поради нејзиниот стил на облекување. Таа е често на листата на најдобро облечени жени, а модните дизајнери имаат само зборови за пофалби за неа. Таа е секогаш облечена убаво и со соодветна доза на елеганција.


Фото: Profimedia/Твитер

Извор: Стилкурир