Од тато го наследила неговиот заштитен знак: Принцот Хари со ќерката Лилибет „уловен“ на неочекувано место (ФОТО)

Добивај вести на Viber

ФОТО: Твитер

Иако за нивната безбедност се грижат голем број професионалци и неодамна наводно биле следени со часови во Њујорк, семејството на принцот Хари сега одлучило да излезе „како секој нормален свет“.

Принцот Хари и Меган Маркл, војводата и војвотката од Сасекс, веќе извесно време живеат во Монтесито, Калифорнија, каде што е нивниот дом откако му свртеа грб на британското кралско семејство.

Парот се пресели таму со нивниот син принцот Арчи, а токму во Америка се роди нивното второ дете - принцезата Лилибет. Малите не се експонираат во јавност, па ги гледаме многу ретко, а најновата фотографија од малата Лилибет што ја видовме е нејзиниот роденденски портрет минатата година.


Меѓутоа, Хари сега направи исклучок и беше виден со својата ќерка на парадата за Денот на независноста на Америка. Папараците го забележале принцот како ја носи Лилибет во раце на големата парада во Монтесито, во близина на нивниот дом.

Додека Хари беше скриен под капа и очила за сонце и облечен лежерно, девојката носеше прекрасен цветен фустан, бели сокни и црвени чевли, а на кралските обожаватели им падна во очи тоа што ја наследила неговата боја на коса.


Иако медиумите објавија дека принцот Хари присуствувал на парадата само со својата ќерка, се појави матна фотографија на која го гледаме семејството заедно, односно Меган Маркл со ќерката и Хари и нивниот син Арчи во друштво на други деца.

Многумина се изненадени што Хари присуствуваше на прославата на американската независност од Велика Британија, со која владее неговото семејство, неколку часа пред второто крунисување на неговиот татко, кралот Чарлс III, во Шкотска.