Од утре започнува „3х3“ баскет турнир во Скопје Сити Мол
Викендов се одржа долгоочекуваниот спортски спектакл, официјалниот „3х3“ баскет турнир. Настанот кој поради временските услови овој викенд започна во саботата донесе многу забава, атракција, и квалитетна натпревари за гледање. Целата организација имаше налик на најголемите светски случувања од ваков тип.
Во натпреварите на 3х3 учествуваа 14 екипи, а победници беа екипата на Кантина кои беа супериорни во текот на целиот турнир и освоија награда во износ од 1500 евра и слот за Satellit турнирот во Бар, Црна Гора. Второто место го освоија екипата на Баду и награда од 500 евра и слот за Satellit турнирот во Приштина. На овој дводневен настан, имаше и натпревари во забивање каде победник беше Христијан Ристов како, и натпревар во тројки на кој победата ја однесе Ѓорѓи Гетов.
На 5-то ниво на катната гаража во Скопје Сити Мол овој викенд можеа да се видат многу познати личности од спортот, музиката, како и голем број на посетители вљубеници во баскетот.
Според организаторите настанот е светски и заслужува големо влијание.
"Задоволни сме од тоа како помина првиот 3х3 турнир и покрај временските услови кои беа голем проблем за време на викендот. Голема благодарност до Скопје Сити Мол, како и до сите оние кои го поддржаа овој спектакл. Честитки до сите екипи кои придонесоа публиката да има максимално уживање. " - изјави Драган Караџовски, претседател на „3х3“ Македонија и координатор на „3x3“ натпреварувањта на МКФ
Овој 3х3 баскет турнир е официјално признат од FIBA која што е дел од календарот на светската куќа на кошарката, а оттука стартува и првата 3х3 лига на територијата на Република Македонија. Oвој спорт доби свое место во олимпискиот календар, како официјална олимписка дисциплина кoja ќе биде промовирана во 2020-та година на Летните Олимписки Игри во Токио. Турнирот е поддржан од Агенцијата за млади и спорт и Македонската Кошаркарска Федерација.