Ода на минимализмот- Calvin Klein линија на костими за капење

Добивај вести на Viber

Брендовите од целиот свет се подготвуваат за летната сезона со нивните уникатни колекции на костими за капење ...

Се разбира, тука се придружува и Calvin Klein, кој преку својот Инстаграм профил одлучи да не изненади со својот класичен декор. Како што брендот ги опишува, нивните костими за капење се редизајнирани со модерни детали за уметноста и ние навистина мораме да се согласиме со таа изјава.

Меѓу новитетите, е еден едноделен костим кој е претставен во тегет тон и на кој стои логото на дизајнерот со бела боја. Од ова може да се заклучи дека темата на нивната колекција е минимализам, така што оваа линија не е наменета за оние кои сакаат да носат неонски тонови.