Одберете фустан според вашето тело: За само 390 денари изгледајте ИН

Добивај вести на Viber

Ако сакате да заблескате во вашиот нов фустан, најлесен начин за тоа да го постигнете е избор на идеален крој за вашата градба на тело.

Песочен часовник

Бијонсе, Софија Вергара, Ким Кардашијан. Дали воопшто треба да ја објасниме оваа градба? Ако сте среќна жена чие тело е обликувано како песочен часовник, практично може да облечете било кој модел на фустани. 

Манго фустан од 690 денари

Кројот кој ја следи линијата на колковите на вас секогаш изгледа најдобро, и ова тело е како создадено за сите оние тесни модели. Струкот е најтесниот дел од вашата фигура, така што сугерираме дека секогаш го потенцирате и истакнувате.


Јаболко

За облик на телото што дефинира малку пошироки рамена, недефиниран струк и тенки нозе, идеални фустани се со мало деколте и пошироки наременици. V-cuts исто така може да биде добар избор, но само ако не е премногу гломазен. 

Манго фустан од 390 денари

Ако сакате, можете да го покриете стомакот со набори кои почнуваат веднаш под линијата на градите и малку се шират до работ на фустанот.


Круша

За градба како круша (најчеста кај жените!) многу е важно да се истакне горниот дел од телото и да се одвлече вниманието од  колковите и задникот. 

Women's secret фустан од 1599 денари

Ова најдобро се постигнува со отворен врат и акцентирани фустани и оние пошироки во долниот дел. Ако имате поголеми колкови и бутови, изберете модели кои лесно паѓаат над долниот дел од телото.



Petite

Сите девојки со ситна градба ќе обожаваат фустани без премногу набори и еднобојни модели кои ја нагласуваат нивната фигура. 

Манго фустан од 690 денари

Исто така, на малите девојки кратките фустани секогаш изгледаат стилски и елегантно, дури и во секојдневни пригоди, а пократките должини на здолниште визуелно ќе ги продолжат нивните нозе.