Одберете ја најдобрата финансиска понуда при носење одлука за нов дом
Доколку се двоумите дали да купите или изнајмите недвижност, размислете подетално и разгледајте ги сите аспекти на оваа одлука. Дали е можеби подобро парите што ги издвојувате за плаќање закупнина да одат во отплата на недвижен имот кој ќе ви припаѓа вам? Или, пак, сè уште не сте сигурни каде локациски сакате да живеете или која е квадратурата или распоредот во домот кој ќе ви треба во наредните години, па се одлучувате да испробате неколку различни варијанти? Можеби често патувате согласно природата на вашата работа па на некој начин сте приморани да менувате локации на живеење?
Како и да е, доколку се одлучите на чекор - купување недвижност, би требало да почнете да размислувате како да го направите вистинскиот избор, бидејки оваа одлука е сериозна и долгорочна.
Купувањето недвижен имот најверојатно ќе претставува вистински предизвик земајќи предвид дека постојат толку многу чекори кои треба да се следат, работи на кои треба да се внимава и услови кои треба да бидат исполнети. Затоа, еве неколку совети на што да внимавате.
Постојат многу фактори на кои треба да обрнете внимание при одбирање на вашиот нов дом, почнувајќи од цената, видот на недвижниот имот (куќа или стан), локацијата, површината, распоредот во домот, квалитетот на градбата, паркинг просторот, близината на околните згради, уредувањето на околината и слично.
Без притисок и брзање, пробајте да замислите како би се одвивало вашето секојдневие во секоја од понудените локации кои ви изгледаат атрактивно. По одбирање на локацијата размислете и на внатрешното уредување, односно одберете функционален стан со најдобра искористеност на просторот.
Ваше е да ги задоволите сите ваши желби и потреби при селекцијата на недвижноста, а финансискиот дел препуштете го на вашиот секојдневен партнер и банка за која важни се луѓето и нивните потреби - Халкбанк. Станбениот кредит на Халкбанк обезбеден со животно осигурување е создаден токму за задоволување на сите ваши потреби. Истиот е со фиксна каматна стапка од 3,3% за првите 10 години, со ниска стапка на вкупни трошоци, рок на отплата до 30 години и е без трошоци за предвремена ликвидација. За него е потребно минимално учество од 10%, не се наплаќа провизија за обработка на кредитот, а максималниот одобрен износ е до 300.000 евра.
На следниот линк можете да направите калкулација на вашата месечна рата, врз основа на висината на кредитот и рокот на отплата.
Одберете вистински партнер во моментите кога ви треба совет и поддршка при носење на вистинските одлуки.