Одбери подарок за Денот на вљубените според хороскопскиот знак
Предлози за дами, но и за посилниот пол!
Денот на вљубените се наближува, време е да започнете да размислувате со што дополнително ќе го развеселте вашиот партнер.
Со оглед на тоа дека хороскопот може да открие многу за некоја личност, може да помогне и во изборот на подарок за Денот на вљубените, доколку ти немаш некоја идеја. Со воие работие сигурно нема да погрешиш!
# Овен
Подарок за неа: фенси мирисна свеќа.
Подарок за него: убав парфем.
# Бик
Подарок за неа: топло и мекано ќебенце.
Подарок за него: домашни топлинки.
# Близнаци
Подарок за неа: балони во облик на срце.
Подарок за него: тематски колачиња.
# Рак
Подарок за неа и него: испечи мафини или некои други мали слатки колачиња.
# Лав
Подарок за неа: букет цвеќе (ружи).
Подарок за него: листа од 100 причини зошто го сакаш.
# Девица
Подарок за неа и него: направија онаа работа која со месеци ја ветуваш или која Девицата те убедува да ја направиш за неа.
# Вага
Подарок за неа и него: карти за натпревар / концерт / кино.
# Шкорпија
Подарок за неа: отследи ги пред неа сите поранешни девојки на социјалните мрежи, како и оние кои ти се додворуваат.
Подарок за него: одиграј ја со него играта која ја обожава, а за која секогаш велиш дека може да ти ја покаже следниот пат.
# Стрелец
Подарок за неа: одведи ја на вечера некаде каде што знаеш дека ќе биде воодушевена.
Подарок за него: купи му ја книгата која се уште ја нема прочитано.
# Јарец
Подарок за неа: шише за вода или фенси чаша.
Подарок за него: слушалки или фенси чаша.
# Водолија
Подарок за неа и него: организирај „потрага по богатство“ (сокриј некоја ситница - од типот чоколадо - одведи го / ја во прошетка низ градот, а потоа цело време давај му / и упатства низ цртежи, песни, загатки, за да дојдете до целта).
# Риби
Подарок за неа: некој производ од природна козметика.
Подарок за него: одведи го на романтично искачување на планина.