Одбирам да ми биде убаво...

Добивај вести на Viber

Одбирам да ми биде убаво.

Да правам работи што ме задоволуваат што е можно почесто.

Се однесувам малку глупаво кога ќе забележам нешто што ми пречи.

Не ја поправам кривата Дрина.

Љубезна сум кон луѓето.

Го одбирам полесниот пат секогаш кога можам. Безброј пати се докажал како вистински.

Одбирам да избегнувам да го правам она што не сакам да го правам. Има причина зошто не сакам.

Не влегувам во конфликти.

Не убедувам, не докажувам, никого не менувам. Одамна научив дека тоа е залудна работа.

Јас водам сопствена политика, која е „убавината на животот“.

Убаво за мене, убаво за сите околу мене.

Уметноста на живеењето!


Фото: pexels