Одев на хемотерапија и глумев жена што умира: Потресна приказна на актерката Анкица Добриќ

Една година помина откако хрватската актерка Анкица Добриќ (59) го победи туморот на дојка и сега е повторно активна на театарската сцена и во серијата „Погрешен човек“. По своите грижи, ги поминува и оние со мајка си која исто така има здравствени проблеми.

Таа вели дека сега, откако се излечила, чулата ѝ се изостриле и полесно го филтрира светот.

„Кога ќе поминете низ тежок период како што поминав јас, ви советуваат нешто да смените, да правите отстапки, да патувате. Но, јас не можам да го сменам својот живот за некој друг затоа што морам да се грижам за своката мајка која заврши во Дом за стари лица“, откри актерката за Јутарњи.хр. 

„Мајка ми има 83 години, во кус период го скрши колкот, имаше емболија, го скрши рамото и лактот. Во такви ситуации, треба да бидеш и доктор и негувателка, а не само ќерка“, додаде Добриќ. 

Анкица во претставата „Кафкиниот процес“

И додека одела на хемотепарија, таа играла во Театарот, и тоа улога на жена која умира, а за таа улога добила и награда на фестивал.

„Додека бев болна играв жена која умира. Се плашев како хемотерапијата ќе влијае на мозокот и на актерската работа, но за среќа немаше последици. Се надевам дека она страшното сега е зад мене. Додека се лечев, не се потпирав само на мислењето на лекарите, туку и на алтернативни методи и на сите луѓе кои се наоѓаат во слична состојба им советувам дека е најважна внатрешната сила, мислата и вербата“, рекла актерката. 

Фото: Томислав Кришо- Кропикс