Одлична закуска за време на постот: Колку јаткасти плодови би требало да јадете во текот на денот?

Добивај вести на Viber

Денес е Велики петок, еден од најтешките христијански празници. Се верува дека денес секој кој е здрав би требало да пости и да го испочитува овој ден. Доколку не постите често и ви е тешко да го издржите постот, како закуска во текот на денот конзумирајте јаткасти плодови. Тие освен што се здрави за целиот огранизам, исто така се и многу хранливи и се одлична замена за грицките, кои не се посни.

Но, јаткаскатите плодиви имаат и многу други позитивни страни. Имено, редовната употреба на подолг период го подобруваат когнитивното здравје кај повозрасните личности и го намалува ризикот од деменција.

Деменцијата е состојба која се поврзува со послаби когнитивни функции на мозокот, но конзумирањето на јаткастите плодови во староста може да ја подобри работата на човековиот мозок. Во едно истражување во кое учествувале дури 4.822 возрасни личности - мажи и жени од Кина на возраст над 55 години, се дојде до заклучок дека оние кои јаделе повеќе од 10 грама јаткасти плодови дневно имале подобрување во помнењето, расудувањето, како и во размислувањето.

Истражувачите открија дека истата количина ореви може да ги подобри когнитивните фунцкии до 60% во споредба со оние кои не јаделе јаткасти плодови. Учесниците во истражувањето воглавно со години јаделе кикирики. За кикирите се смета дека содржат многу антиинфламаторни и антиоксидативни компоненти кои го забавуваат падот на когнитивните способности.

„Јаткастите плодови се познати и по тоа што содржат здрави масти, протеини и влакна со хранливи материи кои го намалуваат холестеролот и го подобруваат когнитивното здравје“ - изјави лидерот на истражувањето доктор Минг Ли. 

За да бидете сигурни во квалитетот на јаткастите плодови кои ги конзумирате, на полиците во маркетите побарајте ги јаткастите плодови на „Нутини“.

* ПР - објава