Одмаздувачки фустан на Џеј Ло со машни: „Бен,види што изгуби“

Добивај вести на Viber

Откако ги поднесе документите за развод со Бен Афлек, Џенифер Лопез извесен период се повлече од Инстаграм, но сега сподели серија фотографии и интернетот буквално го сруши. Пејачката покажа дека не очајува по разводот, напротив блеска и изгледа никогаш подобро.

На фотографиите Џенифер Лопез носи заводлив сребрен фустан со светки кој на средината е врзан со црни плишани машнички. Под оваа смела креација која повеќе открива отколку што покрива, се виде дека таа не носи долна облека.

Џеј Ло изгледа заносно и самоуверено, а нејзините обожаватели не го криеја задоволството, коментирајќи дека изгледа подобро од било кога. Повод беше нејзиното појавување на меѓународниот филмски фестивал во Торонто на премиерата на филмот со повеќе од симболично име „Unstoppable“, а со оваа комбинација пејачката искомбинирла вртоглаво високи сандали на платформата.

View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

„Совршено, изгледаш нереално“, „Секој ден станува поубава“, „Кралицата се врати“, „Бен, види што изгуби“, се само дел од коментарите подолу.

Јасно е дека Џенифер Лопез реши да сврти нов лист по разводот и да му покаже на светот дека е силна, независна и подготвена за нови предизвици.

Да потсетиме дека Џеј Ло поднесе барање за развод од Бен Афлек на крајот на август, што се совпаѓа со годишнината од нивната венчавка, која беше во 2022 година. Разводот се случи по неколкумесечни шпекулации за проблеми во бракот, а точната причина не ја откри јавно поранешниот сопружник.

Фото: Инстаграм
Извор: Zena.blic.rs