Одредени казните за непочитување на намалените цени за тестенините и млечните производи

Добивај вести на Viber

Државниот пазарен инспекторат ги одреди казните за маркетите кои од 16 март нема да ја почитуваат владината одлука со која се определуваат највисоките цени во трговијата на мало на определени видови тестенини и одлуката за утврдување на највисоки цени на одредени видови млеко и млечни производи.

„Пазарниот инспекторат е постојано на терен со сите свои расположливи ресурси и ќе продолжи да врши надзори во согласност со законските надлежности, но и ќе постапува по Одлуките на Владата.  Во случај да се утврди прекршување на Одлуките ќе следат казни кои произлегуваат од Законот за трговија! Казните се високи и изнесуваат од 800 до 10000 евра, во зависност од големината и видот на економскиот оператор. Затоа апелираме да се почитуваат Одлуките, а ние како институција постојано сме на терен, постапуваме во согласност со нашите надлежности“, соопштија од ДПИ.

Целиот текст може да го прочитате на Фактор.