Одржување на интимното здравје – клучно за создавање на потомство, но и за квалитетен сексуален живот!

Добивај вести на Viber

Корисни здравствени совети за прва помош при вагинални инфекции!

Вагиналните инфекции се составен дел од животот на најголем дел од жените. Имајќи ја во предвид важноста на вагината во процесот на создавање потомство но и за имањето на квалитетен сексуален живот особено е важно правилно да се одржува женското интимно здравје.

„Млечно-киселински бактерии се од особено значење кај вагиналните инфекции“

Нормалната вагинална микрoфлора се карактеризира со: доминиција на млечнокиселински бактерии, високи концентрации на млечна киселина и кисела pH =3.5-4.5, што е добра заштита против инфекции. Ако киселоста на вагината се промени и се намали бројот на добрите микроорганизми, се создаваат поволни услови за појава на вагинални инфекции: пред се кандидијаза, трихомонијаза и бактериски вагинитис.

Заради сето ова, кај жените е особено важно да се одржуваат концентрациите на млечно-киселински бактерии и млечна киселина а со тоа и кисела pH во вагината.


Извор: http://pharmanews.mk