Официјална промоција на книгата „Џаро – живот на коцка“: Милица Џаровска напиша книга за својот татко

Познатата новинарка Милица Џаровска стана авторка на книгата за својот татко, познатиот менаџер Велибор Џаровски-Џаро

Книгата која го носи името „Џаро – живот на коцка“ беше промовирана во понеделникот пред нејзините блиски пријатели и соработници. 

„Мене ми е жал што младиве генерации за Џаро го знаат само по превари и местење утакмици. Не ќе да е така, дечки. Овој човек има направено за оваа држава повеќе од многу политичари. Без разлика на сите прикаски што ќе ги прочитате во книгата. Ги донел најголемите балкански ѕвезди, да ја засакаат Македонија толку многу што до ден денес не ја испуштаат во своите интервјуа, муабети, без разлика дали е Здравко Чолиќ, Бора Чорба, Тереза Кесовија, Мишо Ковач“, ја започна промоцијата, актерот Игор Џамбазов.

Милица пак раскажа дека не ѝ било баш лесно да ја напише книгата, со оглед на тоа што станува збор за нејзиниот татко, но сепак на крај си рекла себе си дека ќе пишува за еден од нејзините соговорници, а не за нејзиниот татко, за да ја заврши полесно работата. 

Џаро ја заврши промоцијата со анегдоти од неговиот бурен живот, а најави и документарен филм поврзан со истиот.


Книгата се продава во сите книжарници на „Три“ низ Македонија, а може да ја купите и он-лајн.


Фото: В.Тануровски

*Д.К.И.