ОГРОМНО „НЕ“: Зошто не треба да користите гел за туширање за бричење на нозете
Лоши вести, дами! Користење на гелот за туширање за бричење на нозе е огромно „не“ според зборовите на дерматолозите.
Кога вашата пена за бричење е празна, сигурно го земате најблиското шише гел за туширање или регенератор, бидејќи еј, па тоа на крај е исто, зарем не? Но, како што се покажува, навистина не е.
Дерматологот Анита Стурнман рекла дека, иако овие препрарати можат да изгледаат како доверлива замена-употребата на гел за туширање, балзам или шампон наместо вистинска пена за бричење всушност ќе ви направи повеќе штета отколку корист.
Користење на производи кои не се дизајнирани да се користат заедно со бричот, ние всушност го отежнуваме процесот на бричење.
„Бричењето природно прави пилинг така да морате да користите производи кои се дизајнирани да работат во синергија со бричот и го подобруваат лизгањето, го намалуваат триењето и ризикот од иритација“, објаснила таа.
„Овие формулации ќе ги обложат влакната, правејќи ги подебели и потешко ќе се бричат нозете.“ Таа исто така додала дека многу производи можат да влијаат на бричот и пребрзо да станат тапи.
Значи, за свиленкасто мазни нозе заборавате на евтини формули и наместо тоа набавете си крема за бричење со добар квалитет.