Октомври е месец кога тиквата станува главна декорација во домот: Инспирирајте се, а ваши фотки пратете ни во порака (ГАЛЕРИЈА)
Октомври е месец на тиквите и тоа важи и за декорацијата во нашите домови.
Во овој период куќите ја „носат“ својата есенска облека и атмосферата станува малку „потопла“ и попријатна.
Декоративните тикви се сезонски додаток кој е голем тренд во последните години. Како што доаѓа октомври, во куќите „никнуваат“ тикви во најразлични форми и нијанси - платнени, керамички, восочни или дури вистински.
Доколку сакате да добиете идеи за да ја внесете есента и во вашиот дом, инспирацијата можете да ја добиете од профилите на Инстаграм. Без разлика дали се работи за „направи сам“ идеи или едноставни фотографии, сигурно ќе најдете нешто што одговара на вашиот стил и вашиот дом.
Погледнете ги идеите во фотогалеријата, инспирирајте се, а доколку пак вие имате декорирано по дома во есенски стил со тикви, слободно во порака на Фејсбук или Инстаграм испратете ни ги вашите декорации а ние ќе ги споделиме со читателите.
View this post on Instagramolcombe Dream Interiors |Home decor| (@holcombedreaminteriors)
ФОТО: Инстаграм