Омилената летна обувка може да се купи за 100 денари, но го уништува здравјето: Додека шетате во неа не сте свесни дека телото страда

Добивај вести на Viber

Без разлика дали ги сакате или не, апостолките се дефинитивно синоним за летни и омилени летни чевли повеќе од половина век... Овие удобни и евтини чевли речиси сигурно се најпопуларни во светот, со оглед на тоа дека скоро не постои личност која нема барем еден пар апостолки!

Иако некогаш беа наменети главно за одење на плажа, сега станаа незаменлив детаљ од секојдневните, лежерни комбинации, а со оглед на тоа колку се удобни и лесни - не е ни чудо!

Често во овие чевли можат да се забележат многу познати убавици и светски диви, кои го носат со лелеави долги фустани и кратки тексас шорцеви, како и со хеланки и тренерки. Секако, не смееме да ги заборавиме и мажите – за кои флип-апостолките се и чевли без кои не можат! 

Станува збор за практични и лесно заменливи чевли во кои стапалото лесно се движи и овозможуваат чувство на слобода, а најголем плус им е ниската цена - во повеќето земји во светот може да се купат за 100 денари, па сосема е разбирливо зошто тие се најпродаваните чевли. Денеска се претворија во тренди парчиња, па можете да ги најдете оние нешто поелегантни и посвечени апостолки со украси во вид на светки, цвеќиња, циркони...

Но, и покрај популарноста, достапноста и удобноста на овие чевли - внимавајте! Бројни студии докажаа дека тие лесно можат да предизвикаат проблеми со стапалата доколку често се носат. Апостолките, односно нивниот дизајн, често се „виновник“ за несмасните падови и искривените зглобови, а речиси и да не обезбедуваат заштита од жежок песок и слични работи, а се многу незгодни за одење по нерамна или чакаста земја. Повредите на прстите и стапалата кај нив се полесни отколку кај кој било друг тип на обувки, бидејќи изложеноста на надворешни влијанија кај флип-апостолките е најголема.

Исто така, во нив не е лесно трчањето, скокањето и возењето автомобил или велосипед - лесно ви паѓаат од стапалата, а може да се случи и појасот да се откачи од потпирачот за нозе. На луѓето со рамни стапала им се препорачува поинаков и постабилен избор на обувки, а педијатрите посочуваат дека најдобро е да не им дозволувате на децата да ги носат додека стапалото не се развие целосно.


Фото: unsplash

Извор: курир