Омилено парче на многу жени: Оваа сезона малиот црн фустан ќе го носиме вака

Добивај вести на Viber

Трендовите на оваа сезона малку си поиграа со класичниот црн фустан, задржувајќи ја неговата суштина

Синоним за елеганција, малиот црн фустан со децении се смета за едно од најпопуларните, култни парчиња облека. Ние го обожаваме затоа што совршено се вклопува во секоја пригода - деловна, секојдневна, елегантна, без нагласување на суптилниот сексапил.

И покрај променливите трендови и сезони, малиот црн фустан владее со модната сцена. Можеби го занемаривме во летниот период, кога во нашите стајлинзи вклучивме претежно нежни, разиграни и посветли тонови, но со доаѓањето на есента, нашиот омилен фустан се враќа на почесно место во гардероберите.



Бројни дизајнери играа безбедно и одлучија да го редизајнираат овој култен класик во своите есенски колекции, па ги добивме неговите трендовски варијанти. Од слип силуети до нагласување на сензуалноста, до миди и макси кроеви за лежерност и кошула модел, имаме огромен избор на црни фустани, кои се трансформирани за да одговараат на сечиј стил, додека остануваат верни на нивната суштина - препознатлива доза на софистицираност.











Фото: Инстаграм/

Фото насловна: Инстаграм/deborabrosa

Елеганција во движење: Шпанската кралица во две совршени комбинации - нежно и многу моќно