Онлајн промоција на вториот дел од „Солунска 28“ од авторот Неле Карајлиќ

Добивај вести на Viber

Еден од наjпознатите музичари од екс ЈУ сцената Неле Карајлиќ, покрај успесите во сатиричните комедии како „Топ листа надреалиста“ и учеството во бендовите „Но смокинг оркестра“ и „Забрањено пушење“, се проба и успеа како автор на романи и неговото најново дело онлајн ќе биде промовирано на 25 август (вторник) во 19 часот на фејсбук-страницата на „Литература.мк“.


По книгата „Фајронт во Сарајево“ доаѓаат и двата дела на „Солунска 28“. Насловот на второто продолжение е „За пријателството и за предавството“ и македонскиот превод е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина ‒ публикации“. Книгата веќе може да се најде во сите книжарници „Литература.мк“ или да се нарача онлајн на www.literatura.mk

‒ Вториот дел од оваа трилогија е посветен на луѓето и случувањата кои минувааат низ куќата на самото пристаниште на Дунав. Д-р Крајлиќ по не знам кој пат докажува дека има неисцрпна енергија која успева да се избори со најголемите животни и уметнички предизвици. Зборувајќи за сето она што ги има снајдено станарите на Солунска 28 во тек на германската окупација на Белград во време на Втората светска бојна. Д-р Карајлиќ нуди еднакво читачко уживање и на оние кои го прочитале првиот дел од трилогијата, но и на оние кои сега се приклучуваат кон армијата – се вели во предговорот на ова дело.

„Солунска 28“ е возбудлив роман за уште повозбудливи времиња кој се чита во еден здив до последната страница. Првиот дел од „Солунска 28“ исто така е достапен во сите книжарници „Литература.мк“ или да се нарача онлајн на www.literatura.mk.