Онлајн шопингот низ бројки: колку се купува во светот, а колку кај нас?

Добивај вести на Viber

Онлајн шопингот е во постојан пораст и во светот и кај нас, а тоа најмногу се должи на големиот број предности што овој тип купување им го нуди на потрошувачите. Брза достава, голем број попусти и акции, персонализирано корисничко искуство и пристап до производи од светски брендови се само дел од предностите што ги нуди е-трговијата.

Ваквиот начин на купување е тренд во многу западни земји уште од деведесеттите години од минатиот век. Македонија не заостанува во однос на светот во овој поглед и може да се каже дека Македонците уживаат во можноста за онлајн шопинг. Но, каква е навистина разликата меѓу нас и светот? Продолжете и погледнете ги фактите низ статистички податоци и бројки.

Светски трендови во е-трговијата

Порастот на онлајн шопингот на глобално ниво не е ништо помалку од извонреден. Бизнисите се сѐ позаинтересирани за можноста да ги продаваат своите производи преку онлајн продавниците бидејќи тоа им овозможува да дојдат до глобална публика.

Светскиот пазар на е-трговија се очекува да достигне вкупно6,3 трилиони долари во 2023 година, што носи значителни импликации за глобалната економија, бизнисите и потрошувачите. Овој огромен пораст создава многубројни можности за унапредување и инвестирање во различни сектори, од логистика и технолошки развој до дигитален маркетинг.

Тоа што е уште поинтересно е дека до 2026 година се очекува пазарот на е-трговија да изнесува 8,1 трилиони американски долари, што укажува на тоа дека е-трговијата ќе има само сигурен пораст и континуирана нагорна траекторија. Овој пораст се очекува да има големо влијание на различните аспекти на глобалниот бизнис, технологијата и на однесувањето на потрошувачите.

Фактот што во 2023 година има 2,64 милијарди онлајн купувачи, значи дека 33% од целата светска популација купува преку интернет. Тоа покажува дека луѓето имаат и чувствуваат придобивки од онлајн шопингот.

Успешните бизниси имаат огромна база клиенти достапна преку каналите на интернет, што е клучно за нивниот пораст и профит. Овој тренд ги охрабрува компаниите да инвестираат во дигитален маркетинг и платформи за е-трговија со што полесно би стигнале до пошироката публика.

Кога станува збор за однесувањето на потрошувачите, статистиката покажува дека бесплатната достава е убедливо најважниот поттик за купување бидејќи потрошувачите ја сакаат можноста да заштедат на трошоци и да ја имаат удобноста да не потрошат време во класичните продавници.

Иако на интернет можете да најдете речиси сè што ќе помислите, некои производи се побарани од други. Онлајн купувачите најмногу сакаат да купуваат облека, електроника, играчки и мебел.


Онлајн шопингот во Македонија

Во нашата земја онлајн шопингот исто така, е во подем. Во 2023 година вредноста на вкупните трансакции кон онлајн продавници од Македонци во првите три месеци од 2023 година изнесувал 10,3 милијарди денари или 167,7 милиони евра. Тоа значи дека вредноста на направени е-трансакции од физички лица е поголема за 20,9% во однос на истиот период минатата година.

Во Македонија онлајн купувањето станува сè попопуларно поради различни фактори, како што се широкиот избор на платформи за е-трговија и зголемената доверба на потрошувачите во онлајн трансакциите. Онлајн бизнисите што инвестираат во онлајн платформи во нашата земја сакаат да обезбедат стратешка предност и да бидат активни на целиот Балкан.

Еден од најголемите играчи во е-трговијата во регионот, Ananas, од неодамна им ги нуди своите услуги на граѓаните на Македонија. Оваа платформа им нуди на своите купувачи повеќе од 100.000 производи, одлични попусти, брза достава и беспрекорно корисничко искуство.

Интересно е да се спомене дека Македонците сакаат да купуваат од странство, а во 2022 вкупната вредност на е-трансакциите за пазарење во странство изнесува 156,2 милиони евра. Најмногу промет имаме направено преку онлајн нарачки од Велика Британија, Холандија, Унгарија, Ирска, САД, Луксембург и Германија.

Ако овие земји ви изгледаат чудно, тоа е затоа што голем број од компаниите преку кои и самите имате остварено е-трговија се регистрирани таму. На пример, популарниот Booking.com работи преку Холандија, WizzAir е унгарска компанија, а PayPal е регистриран во Луксембург.


*Пр објава