Опасност на грчкиот брег, предвидуваат дека ќе се појави и во Црна Гора: Виолетовата медуза предизвикува парализирачка болка

Добивај вести на Viber

Во Грција деновиве се појавија опасни медузи, чие убод освен што гори, предизвикува и здравствени последици. Поради тоа на многу плажи беа истакнати црвени знамиња со кои беше означена забраната за влез во вода.

Веќе три недели Грците ги мачат виолетовите или пурпурни медузи кои, според сите проценки, не се безопасни и се чини дека претставуваат нова опасност по корона вирусот за туристичкото лето во Грција.

„Тоа е опасен вид медуза, каснувањето е болно, остава трага како изгореница, тешко се измива. Може да предизвика тахикардија, плускавци на телото, повраќање, дијареа кај луѓе кои имаат други проблеми“,  рече дописничката за „Политика“ од Атина, Јасмина Павловиќ Стамениќ.

Со големина од околу 10 сантиметри со долги пипала, овие медузи иако се карактеристични за Шпанија и Италија, се намножија и стигнаа до Јонското и Егејското Море, а според експертите можно е да се појават и во Јадранското Море. 

„Бараат потопло море, храна и се појавуваат на 10 години. Досега океанолозите успеаја да ги лоцираат, но сега водните струи носат и не знаат каде ќе се појават следно. Моментално ги има од  двете страни на Атика, и во Јонос, на Пелопонез. Не се знае кога ќе пловат. Проблемот е што се проѕирни и розови, па не ги гледате“, изјави Јасмина.

Според неа, грчките медиуми секојдневно предупредуваат за овие медузи, а во случај да се изгорите, препораката е - брзо плакнење со морска вода, ставање мраз, сода бикарбона.

На организираните плажи има црвени знамиња кои ги предупредуваат капачите на нивното присуство, се обидуваат да ги подигнат со мрежи, но и тоа не е безбедно.

„Треба да бидеме внимателнибидејќи со брановите можат да стигнат до брегот. Водните струи ги носат во сите правци - и во Егејското и во Јонското Море, а наскоро треба да се очекуваат и во Јадранското Море, иако водата е постудена“, предупредува Стамениќ.


Извор: прва.рс

Фото: unsplash