,

Оперска Василица во НОБ, популарните арии ја разнежија публиката (ГАЛЕРИЈА)

Добивај вести на Viber

Откако години наназад на традиционалниот Василичарски концерт се пееше поп, рок и диско музика, овојпат, Националната опера и балет реши да понуди програма со популарни оперски арии.

И не згреши во изборот, затоа што убавата промена ја препозна публиката која уживаше од почетокот до крајот на концертот.


„Камрина Бурана“, „Тоска“, „Норма“, „Палјачи“, „Набуко“, „Веселата вдовица“, „Сицилијански вечери“, се дел од оперските дела чии познати арии беа изведени.

Василичарските концерти не поминуваат без Наде Талевска која овојпат беше своја на своето, со маестрална изведба на две арии, но и без Ѓорѓи Цуцковски, познат тенор од операта. 


Злата Тошевска и Сандра Митровска беа одлични во „Тоска“ и „Мадам батерфлај“. Концерот го збогатија убавите изведби на солистите од МОБ Билјана Јосифов, Александар Стефановски, Марјан Јованоски, како и хорот без кој овој настан немаше да биде комплетен.


Дамите избраа елегантни и уникатни креации за овие настапи, како и диригентката Бисера Чадловска. Освен неа диригираше и Иван Еминовиќ, а концертот го режираше Дејан Прошев.

М.Џаровска

Фото: В.Тануровски