„Општествените правила“ на Миа и витруозот Влатко Стефановски оживеани на скопските улици

Добивај вести на Viber

Хрватската ѕвезда Миа Димшиќ го објави спотот за темата„Општествени правила“ („Društvena pravila“,), создадена во соработка со легендарниот гитарски виртуоз Влатко Стефановски.

Видеото е снимено низ шармантните скопски улици, истото зрачи со урбана естетика која во комбинација со стиховите на Миа создава атмосфера на личен отпор и размислување за општествените норми. Режијата ја потпишува Ива Чаиса од „Croatia Records“, зад камерата се најде нашиот Александар Ристовски, додека Дамир Бачиќ е извршен продуцент на спотот.За престојот во Скопје, Миа вели: „Снимањето на спотот во Скопје беше прилика добро да го запознамградот, но пред се одлично се забавував. Со Ива Чаиса како режисер и Александар Ристовски пред камера, го изодев градот долж и попреку, а го посетив и студиото на Влатко Стефановски, кој се појавува на крајот од видеото. Македонците се прекрасни луѓе и се надевам дека во иднина ќе има повеќе можности за посета на Македонија. Горда сум на песната Општествени правила и се надевам дека овој спот ќе и даде дополнителна димензија“.


Преку текстот и изведбата, Миа храбро ги истражува површните непишани правила и предизвикот на конфронтирачките конвенции. Новиот сингл ја открива нејзината бунтовничка страна, фокусирајќи се на притисоците и цензурата со кои многумина се соочуваат. Песната „Општествени правила“, според која е насловен нејзиниот најнов албум во издание на Croatia Records, критички ги осветлува нормите кои самата Миа ги доведува во прашање, а овој искрен пристап ја истакнува како глас кој не сака да остане неслушнат.

„Општествените правила“ носат звук од дури три студија – White Stone Productions во Риека, Croatia Records во Загреб и студиото на Влатко Стефановски во Скопје.