Општествено одговорен HR проект за студенти организиран од страна на Сенсум Тренинг и Коучинг во партнерска соработка со HR World
Промените и динамиките во современото бизнис окружување се поизразено ја менуваат и мапата на бараните вештини и знаења од страна на идните професионалци кои треба да се вклучат и да почнат да ја градат својата кариера на пазарот на труд. Оттука важноста на функцијата Човечки ресурси станува се поважна функција, но и професија која треба да излезе во пресрет на таквите промени.
Идентификувајќи ги таквите трендови, дел од македонските едукативни центри во соработка со ЧР организации го стартуваат проектот HR STARTER – Македонија 2018/19 – бесплатен двомесечен курс за дипломци и студенти од завршните години од универзитетите во Македонија. Г-ѓа Зорица Поповска, сопственик на Сенсум Тренинг и Коучинг, воедно и еден од организаторите на проектот, истакна дека целта на програмата е практично да се збогатат знаењето и вештините на студентите за идната кариера во доменот на човечки ресурси, како многу популарна и посакувана работна позиција во современите услови на работење.
Програмата се состои од 6 тренинг денови и три “meet-up” настани на кои повеќе од дваесет HR професионалци од регионот ќе им пренесат на студентите практично знаење од областа човечки ресурси. Младите во текот на овие два месеци ќе имаат најразлични тимски задачи што ќе влијае на нивните способности за работа во тим, потребата за заедништво и поголема толеранција. Работата на тимовите ќе ја надгледува ментор, професионалец од областа на човечки ресурси со повеќегодишно искуство.
HR STARTER – Македонија 2018/19 ќе се реализира во периодот од 07. Март до 16. Април и ќе биде заснован на иновативен пристап кон HR-от како стратешка функција во компанијата. Во текот на овој период студентите ќе се запознаат со широко знаење од областа на човечките ресурси – од основните процеси и активности, па се до модерните HR принципи како што се „data-driven, agile mindset, mobility, ownership, empowerment...“ како и нивна практична примена. Ова знаење на учесниците ќе им го пренесат предавачи од компании од различни индрустрии од бизнис опкружувањето: од IT- индустријата, од фармацевтски комании од финансиски институции итн.
Покрај за студентите, овој проект се отворен и за сите компании кои сакаат да се вклучат и да дадат свој придонес за развој на оваа функција, но и да ги слушнат мислењата и искуствата на студентите. На тој начин ќе се вклучат во градењето на афирмативно деловно окружување, одблиску ќе разберат што е важно за „милениумците“ и ќе создадат платформа за отворен дијалог помеѓу засегнатите страни на современиот пазар на труд. Препознавањето на човечкиот потенцијал како најважен ресурс е од клучна важност за развојот на една современа организација.
Во текот на летните месеци слична програма е успешно спроведена во партнерство со Центарот за развој на кариера при Универзитетот во Белград и во Црна Гора, есента 2018 година.