Oслабела 40 кг, отишла на затегнување на кожата па паднала во кома: Лекарите во шок-оваа бактерија ја имал само еден човек во светот

Добивај вести на Viber

Ослабела по природен пат, а потоа решила да оди на операција за отстранување на вишокот кожа.

Брена Мекинтош од Австралија долго време се бори со вишокот килограми. На природен начин ослабела 40 килограми, а на крајот на март решила да направи абдоминопластика, процедура со која се затегнува кожата на абдоменот.

Иако операцијата поминала добро, по една недела почнале да се појавуваат првите компликации. 29-годишната девојка имала стомачна болка, поради што се обратила на лекарите, а потоа примила антибиотици. Меѓутоа, како што болката продолжила, лекарите мислеле дека има инфекција во долниот дел на стомакот.

Тогаш и била дијагностицирана сепса, а набрзо било откриено дека Брена има исклучително ретка бактериска инфекција наречена некротизирачки фасциитис. Се јавува силна болка и се појавува црвенило и оток, што брзо влијае на здравата кожа, без јасни граници. Отокот брзо се шири, местото на инфекција добива потемна боја, каде потоа се развива гангрена, а на погодената регија пациентот го губи чувството на допир.

Доколку не се лекува, оваа инфекција неизбежно води до општа интоксикација, откажување на повеќе органски системи и на крајот смрт. Брена била ставена во индуцирана кома во болницата во Мелбурн, каде примала хипербарична терапија со кислород.

„Таа ги мрдаше рацете а нејзиното семејство можеше да комуницира со неа. Брена се соочува со долго закрепнување, што ќе резултира со месеци отсуство од работа и губење на приходите“, изјавила Лорен Вандервен, пријателката на Брена, во објавата на Фејсбук каде што таа исто така побара од луѓето да ѝ помогнат финансиски на нејзината пријателка.

Таа додала и дека лекарите се надеваат дека наскоро ќе ја разбудат, но не сакаат да брзаат, туку од ден на ден ја следат состојбата.

„Таа е стабилна во моментов, добро и оди, силна е, само треба да продолжиме да ја поддржуваме“, рече таа.

Се претпоставува дека Брена е една од само двајцата луѓе во светот кои заболеле од оваа инфекција по абдоминопластика.