Ослабела 9 килограми: Миа Борисављевиќ после породувањето има совршена форма-исфрлила две намирници од исхраната
Ништо не доаѓа само по себе и сѐ е резултат на напорна работа!
Миа Борисављвиќ важи за една од најубавите пејачки на балканската сцена, а фактот што изгледа затегнато и витко и по две породувања изненади многумина.
Сепак, како и секоја жена, се здебелила во бременоста, додека само неколку месеци по породувањето успеала да ослабе дури 9 килограми. Прекрасното тело не дошло само по себе, а пејачката строго се придржува до одредени правила во однос на исхраната.
„Не јадам бело брашно и шеќер! Кога ќе го исклучите тоа од исхраната, на вашето мени останува само здрава храна: овошје, зеленчук и месо. По породувањето ослабев девет килограми, па ми останува уште малку да ја достигнам мојата идеална тежина“, изјавила Борисављевиќ за Хит, па истакнала дека во текот на цел живот се грижи за исхраната.
„Инаку, не јадам грицки, ниту пијам газирани сокови, па не морав многу да ја менувам исхраната. Единственото нешто од кое целосно се откажав беа слатките. Ги јадев, најчесто во недела, тој ден би си дала одмор. Тогаш би знаела дека ќе јадам торта и некои бонбони купени од продавница“, рече Миа.
И покрај тоа што ја усовршила линијата, Миа не се вратила на брзата храна, додека смета дека многумина попуштаат, што е голема грешка.
„Меѓутоа, сега воопшто не ги јадам иако не сум за некои големи ограничувања. Кога се откажуваш од нешто затоа што мораш, а не затоа што сакаш, копнееш за тоа подоцна и попушташ. Тоа е зошто некои луѓе брзо ги враќаат килограмите што ги изгубиле“, рече Миа.