Ослободете се од главоболката без лекови: Рецепт за напивка од три состојки кој ја ублажува и мигрената
Рецепт за напивка за главоболка со 3 состојки - се користи за ослободување од мигрена, сосема природно!
Ако ве боли глава, можете да ги искористите лековитите дарови на природата. Најчесто кога имаме главоболка посегнуваме по лек, сакаме тоа чувство на болка и непријатност да помине што побрзо за да функционираме. Сите кои се соочуваат со мигрена или повремена главоболка знаат колку тоа чувство може да биде непријатно, па затоа ви предлагаме да пробате едноставен, здрав и целосно природен напиток.
Станува збор за чај кој вклучува мешавина од 3 билки кои помагаат при болка, опуштаат и делуваат релаксирачки. Овој чај можете да го пиете превентивно, но и кога ве боли глава. Лесно се прави, важно е да користите суви билки, а покрај убавиот вкус, мирисот на овој чај е опоен и ќе ви помогне да се опуштите, но и полесно да заспиете доколку имате проблем со несоница поради главоболка.
Рецепт за напивка за главоболка
Состојки:
2 лажички жалфија
1 лажичка кантарион
1 кафена лажичка лаванда
1 лажичка камилица (по желба)
Подготовка:
Измешајте ги првите три наведени билки, а по желба можете да додадете и камилица ако ви се допаѓа вкусот, а може да придонесе и за мирисот на напитокот. Земете една лажица од смесата и ставете ја во чаша, а потоа прелијте ја со врела вода. Оставете го да отстои околу 30 до 60 секунди, а потоа процедете го чајот и пијте. Ако имате главоболка, можете да пиете 1/4 чаша на секои половина час додека главоболката не се смири. Напитокот можете да го пиете топол или ладен.
извор:sensa.mondo