Останете активни во есен: каде да вежбате во Скопје?

Добивај вести на Viber

Дали една од вашите новогодишни одлуки беше во 2023 година да почнете редовно да вежбате? Ако сѐ уште не сте ја оствариле оваа цел, тогаш не значи дека треба да се откажувате само затоа што голем дел од годината е поминат.

Есента е прекрасна за нови почетоци и ако почнете со тренинзи сега, до Нова година ќе постигнете забележливи резултати, кога ќе можете одново да донесете одлуки што ќе ви го променат животот на подобро. Ако не сте сигурни што да направите и како да почнете, еве три предлози што ќе ви помогнат да тренирате во Скопје.

Хајкинг на Водно

Водно го разубавува нашиот главен град, а нуди и одлична можност за рекреација. Можете да почнете да се искачувате неколкупати неделно до Средно Водно и веднаш ќе почнете да се чувствувате подобро во сопственото тело.

Водно, исто така, ни дава можност да се релаксираме од хаосот на градот и да поминеме време во природа што веднаш ќе ни помогне да се ослободиме од стресот и да се релаксираме. За искачување на Водно, доволни ви се обувки за планинарење, хеланки и јакна за планинарење. Овие хајкинг реквизити се доволни да се заштитите од ветер или евентуален дожд.

Доколку почнете редовно да се искачувате до Средно Водно, со текот на времето ќе стекнете кондиција и нема да ви биде проблем да се искачите до врвот, како и да се впуштите во планински авантури низ преубавите планини низ нашата земја.

Разгледајте ги патеките за пешачење што се разгранети низ планината, одберете ја идеалната за вас и барем неколку пати неделно уживајте во природата, која е лесно достапна за сите нас.

Утрински тренинг на кејот на реката Вардар

Доколку сакате да спортувате во раните утрински часови, а не сакате да се затворите во теретана, тогаш кејот на Вардар е вистинската локација за вас. Во раните утрински часови, кога градот сѐ уште спие, кејот е одлично место за рекреација.

Прекрасната патека овозможува да трчате во мир и тишина или да вежбате на некои од справите поставени на кејот. Со текот на времето, ќе стекнете и нови пријателства доколку сакате бидејќи многумина секое утро ја практикуваат истата рутина и со задоволство ќе ги споделат своите искуства со вас.

Можете уште денес да почнете со активности на кејот. Почнете со лесно трчање, за што ви се потребни само удобни хеланки и патики за трчање. Доколку не се чувствувате удобно додека трчате, можете да се обидете со брзо одење, кое е одлична активност за брзо топење калории.

Доколку трчањето или справите не ви се интересни, но идејата за кејот ве привлекува, тогаш направете позабавен и активен тренинг користејќи велосипед или ролери. Не заборавајте да понесете со вас и шише со вода бидејќи редовната хидратација е најважна при напорните тренинзи.

Направете теретана дома

Сакате да тренирате, но не можете да најдете доволно време? Можеби работниот ден ве исцрпува до таа мера што по работата не можете да најдете волја да излезете од дома и да се рекреирате на кеј или на Водно. Тоа е сосема разбирливо, па затоа, можеби, е најдобро да почнете да вежбате дома.

Вежбањето во домашни услови има многу предности, а најголемата е дека можете да вежбате кога ќе најдете време и се чувствувате подготвени за тренинг, без разлика дали е тоа рано наутро или доцна навечер.

На интернет ќе најдете илјадници видеа со вежби за зацврстување на различни делови од телото или за подобрување на општата кондиција. Нарачајте подлоги за вежбање, еластични ленти за вежбање и теговии во својата соба правете ги вежбите што би ги практикувале во теретана.

На YouTube ќе најдете многу мотивирачки видеа, кои ќе ви покажат како правилно да ги изведувате вежбите. Доколку не сакате да вежбате со тегови и ластици, можете да практикувате кардио танци од половина час со кои ќе го стопите вишокот калории.

пр објава