Освен работа- дома, нема мрдање: Татјана Лазаревска раскажа за карантинот во Австралија
Татјана Лазаревска и нејзиниот сопруг Новица Василевски со синовите Стефан и Петар повеќе од шест години живеат во Мелбурн, Австралија. Во моментов, фолк пејачите немаат никаква можност да го работат она што го сакаат, а тоа се настапите на веселбите на нашинците, поради целосниот карантин во државата Викторија.
-Во Викторија, Мелбурн, сè уште се во карантин.Во Сиднеј, мерките попуштија, ние евентуално на почетокот на ноември ќе попуштиме малку, а до тогаш, ништо посебно не ни се случува. Дома- работа- дома- работа. Се пореметивме од рестрикциите, нема мрдање“, ни изјави Татјана од Мелбурн.
Таа освен што настапува на свадбите, кршетевките и родендените на нашите иселеници, работи како воспитувачка во градинка, а Новица како возач на училишен автобус.
-Школите се затворени, ама Новица и јас работиме затоа што сме во групата на витални професии. Инаку, сè друго е затворено“, додава Татјана.
За полсено да им помине карантинот, Татјана знае често да се вклучи во живо на својот Фејсук профил и да запее некоја убава македонка народна песна. Тие настапи во живо, ги следат многу нејзини пријатели од Македонија, а дел од нив ѝ ги нарачуваат омилените песни. Татајана и Новица, често се дружат со Маријана Новачевска, сестрата близначка на Росана Сариќ- Тодоровска, која долги години живее во Австралија. На многу семејни веселби, и Маријана е гостинка во нивниот дом.
Фолк- двојката Татјана Лазаревска и Новица Василевски велат дека еден нивен ден откако живеат во Австралија треба да трае 30 часа за да можат да постигнат сѐ.
„Денот од 24 часа треба да го зголемиме барем на 30“, раскажа Татјана минатата година за Женски магазин, кога заедно со сопругот беше ангажирана околу уредувањето на нивната нова куќа во Мелбурн. По пет години откако се преселија во Австралија, Татјана и Новица со синовите Стефан и Петар се среќни што живеат во сопствен дом.
„Предходната куќа која ја изнајмувавме беше многу блиску до оваа. Како и секаде во светот, ако работиш ќе можеш да си дозволиш некои нормални задоволства, само што овде има малку подобри можности и услови за живот“, ни изјави Татјана. „Куќата ја купивме на средината на декември, а се вселивме на 14 јануари, на Василица. На 20 јануари ја осветувавме, а тоа е денот кога пред точно 5 години слетавме и се преселивме во Австралија. Што се однесува до уредување на домот тоа спонтано го правиме сите заедно со децата и пополека. Нашата куќа е секогаш полна со добри и позитивни луѓе, а посебно колегите од Македонија, кои секогаш сакаме да ги удостоиме со убава седенка и дружба“, рече Татјана минатата година, пред почетокот на пандемијата.
М.Џаровска