Отиде во Турција со 9.000 евра и се врати како сосема различна личност: Со минус 53 кг, ги изненади сите со трансформацијата (ФОТО)
Девојка од Британија отишла на операција во Турција и целосно го променила животот и изгледот.
Кејли Болдвин Вилкинсон од Велика Британија цел живот имала проблеми со вишокот килограми кои не успеала да ги намали и покрај сите напори што ги вложила.
Со оглед на тоа што диетите не ги дале посакуваните резултати, таа се одлучила на радикален потег, поточно операција со која ѝ е вграден гастричен бајпас.
Тоа е хируршка процедура која го намалува желудникот, така што побрзо се чувствувате сити за време на оброците и генерално помалку калории се апсорбираат од храната што ја јадете.
„Отсекогаш сум била буцка, но почнав да се борам со својата тежина откако родив дете. Постојано бев на диета, ќе ослабев неколку килограми, а потоа ќе се појавеше јо-јо ефектот и ќе се здебелев уште повеќе од пред диетата. Слабеењето стана уште потешко по раѓањето на моето второ дете“, објаснува Кејли.
„Паднав во депресија и едвај можев да готвам“. Беше многу полесно да се јаде готова храна - трошев околу 200 евра неделно на храна“, искрена е таа.
Кајли во Турција пронашла клиника која успешно го изведува овој тип на операција, а за тоа платила околу 3.500 евра. Кога килограмите исчезнале, се појавил нов проблем, а тоа е кожата која останала да виси. Со оглед на тоа што била решена да го доведе своето тело до совршенство, не штедела, па потрошила нешто повеќе од 5.000 евра за отстранување на вишокот кожа.
„Не ја направив операцијата само за себе, туку и за моите деца“, вели Кејли.
По една година повторно ја посетила клиниката каде уште еднаш го стегнала стомакот и ставила импланти во градите. За тоа време Кејли ослабе неверојатни 53 килограми.
„Сега можам да правам повеќе работи со децата, да ги носам на пливање или трчање низ паркот.
Многу сум посреќна, здрава, повеќе немам вишок килограми, не останувам без здив кога се качувам по скали и зглобовите повеќе не ме болат“, заклучила таа.
извор:stil.kurir
Кога наместо со диета одат на намалување на желудникот: Не се ни свесни колку може да биде фатално, една пејачка едвај преживеа
Прво се исплашив, не знаев што ми е: Маријана Миќиќ објасни како ослабела 14 килограми две недели по породувањето
Докторите ѝ рекле дека мора да ослабе 89 кг за да забремени: „Ги мразев сите пријатели со деца, и на крај донесов тешка одлука“