Кога наместо со диета одат на намалување на желудникот: Не се ни свесни колку може да биде фатално, една пејачка едвај преживеа
Вишокот килограми може да доведе до бројни здравствени
компликации, па многумина одлучија да одат под нож
Дебелината или гојазноста стана еден од водечките здравствени проблеми. Брзиот начин на живот со себе носи последици како што е дебелината. Посегнувањето по нездрава храна, прејадувањето и недостатокот на физичка активност се главните причини за вишокот килограми.
Понудени се голем број на диети кои гарантираат резултати, меѓутоа, по напорните диети и гладувањето, килограмите повторно се враќаат, додека дебелите луѓе ја губат мотивацијата и се враќаат на стариот, нездрав начин на живот.
На многу јавни личности им здосади борбата со килограмите, не раѓаа деца, па подлегнаа на ригорозни мерки, отидоа под нож.
Имено, се работи за операција за намалување на желудникот. Некои лекари тврдат дека ова е единствениот начин да се излечи дебелината и да се спречат други здравствени компликации на долг рок.
Стеснување на желудникот, „sleeve“ гастректомија или вертикална гастректомија е процедура која го намалува волуменот на желудникот за околу 75%. На тој начин желудникот добива форма на цефка и ја губи можноста за резервоар, се намалува количината на внесена храна, се менува хормоналниот пат кој ја регулира и ситоста и на тој начин пациентот почнува да слабее.
По операцијата, на пациентот му се препишува режим на исхрана, кој мора строго да го следи за да избегне одредени компликации. Бидејќи желудникот е помал, внесот на храна е намален на минимум. Уште една добра работа е што брзо се постигнува ситост, а се исклучува опсесијата со прејадување.
Овој метод за намалување на вишокот килограми е еден од наједноставните, а се повеќе луѓе се подложуваат на операција. Низ оваа процедура поминаа и многу јавни личности од Балканот кои на некој начин го прославија методот за намалување на желудникот.
За тоа јавно проговорија многу ѕвезди од Балканот, а некои од нив се Дарко Лазиќ, Ана Николиќ, Дејан Милиќевиќ, Инди, а и нашата пејачка Ивона Јовановиќ, која е позната како Ивона Јо.
Пејачката Ивона од Куманово, која се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“, уриваше предрасуди и се гордееше со сопственото тело но, во септември минатата 2021 година на Инстаграм, откри дека направила bariatric surgery-кратење на желудник во Турција. Резултатите од намалувањето на желудникот кај неа се повеќе од очигледни, бидејќи се преполови, а тоа се гледа и на нејзините објави на Инстаграм.
Српскиот пејач Дарко Лазиќ исто така со години се бореше со вишокот килограми, а кога слушнал за овој метод решил да го испроба. Операцијата беше успешна, додека резултатите се неизбежни.
Компликации кои можат да се појават
Со секоја операција постои потенцијален ризик. Можни се и компликации со оваа процедура, но тие се ретки. Ако се појават компликации, тие можат да бидат дури и фатални за пациентот.
Една од најголемите компликации е истекувањето на течност од редуцираниот желудник во абдоминалната празнина, па затоа е важно пациентите по операцијата да бидат во постојан контакт со хирургот кој ја извршил интервенцијата. Некои од компликациите кои можат да се појават за време и по операцијата се инфекција, крварење, длабока венска тромбоза и, следствено, белодробна емболија.
Пејачката Инди помина низ голема опасност кога се искомплицирала ситуацијата по операцијата, таа заврши на интензивна нега. На пејачката со брза реакција и е отстранета слезината и ѝ бил вграден бајпас, а познато е дека таа неколку дена се борела за живот.
И таткото на Дарко Лазиќ по операцијата се бореше за живот, но ја загуби битката.
Најчестите несакани ефекти кои се јавуваат по операцијата се гадење и металоиди.
Но, и покрај големиот успех на оваа операција, статистиката покажува дека четвртина од пациентите не успеваат да ги променат своите навики и по операцијата, па продолжуваат со статичен начин на живот и се враќаат на своите најголеми пороци во храната – конзумирањето слатки. Во тие случаи, дури и намалувањето на желудникот не е решение за дебелината.
Фото насловна: Youtube- screenshoot - колаж
Можеби ќе ве интересира: