Откако Пике ја остави поради љубовницата, Шакира забележана во друштво на еден од најпосакуваните актери во Холивуд: Дали е на повидок нова љубовна врска?!

Многу познати личности се појавија на вчерашната трка за Големата награда на Мајами во Формула 1. Меѓу гостите беа и познатата пејачка Шакира и холивудската ѕвезда Том Круз. Набргу по објавувањето на сликите и видеата од настанот, почнаа да се шират гласините дека на повидок е нова љубовна врска.


Некои забележаа и дека Том Круз не го криеше воодушевувањето од Шакира, а обожавателите на социјалните мрежи порачаа дека пејачката и актерот би биле одличен пар, но, сепак едно е појавувањето на ист настан, а друга е врска, па останува времето да покаже, во кој правец ќе се одвива ова пријателство.

Инаку, Шакира неодамна со синовите Милан и Саша се пресели од Барселона во Мајами, откако се договори со поранешниот партнер Жерар Пике за старателството над децата. Пике сакаше децата да останат во Шпанија, но намерата на Шакира беше да се пресели. Сепак, поранешниот фудбалер има право да ги гледа синовите кога сака.

Раскинувањето на Шакира и Пике, кој сега е во врска со Клара Чиа Марти, беше многу бурно и пропратено со гласини дека тој и бил неверен.


Фото:kurirsbliczena