Откриена причината зошто не успеал првиот брак на Меган Маркл

Добивај вести на Viber

Новиот документарен филм Meghan Markle: Movies, Marriage & Motherhood открива бројни детали од животот на Меган Маркл.

Поранешната актерка, пред да стане војвотка од Сасекс, имала прилично бурен живот. Во 2013 година се разведе од холивудскиот продуцент Тревор Енгелсон кој пред неколку дена повторно се ожени со 12 години помладата нутриционистка Трејси Карленд.

Меган и Тревор се венчаа на Јамајка во 2011 година, но се разделија само две години подоцна, како што се наведува во документарецот, поради непремостливи разлики.

- Беа заедно седум години, а две во брак. Нивниот главен проблем беше одалеченоста. Само што се земаа, таа ја доби улогата во серијата Suits и снимаше во Торонто, а тој мораше да остане во Лос Анџелес. Таа врска на далечина едноставно не функционираше - открива Ешли Пирсон, новинарка која долго време пишува за кралското семејство.