Откриени се последните зборови на Метју Пери и од нив буквално се крева коса: Морбидна наредба што го одведе директно во смрт!
Во новите судски документи, објавени откако пет лица беа обвинети во врска со смртта на Метју Пери, беа откриени последните зборови на холивудскиот актер. Имено, пред да му вбризгаат доза кетамин, која се покажала фатална, тој на својoт долгогодишен асистен му дал фатална инструкција.
Да потсетиме, Метју Пери почина на 28 октомври минатата година, а во судските документи, објавени на почетокот на неделава, беа откриени последните забелешки што тој ги кажа на својот долгогодишен помошник Кени Ивамаса.
Имено, ѕвездата од серијата „Пријатели“ Ивамаса, со која живееше во последните години од животот, изјави дека „го напукал на големо“, мислејќи на тоа дека му вбризгува голема доза кетамин. Тој побарал и од својот асистент да му подготви џакузи, пренесува „Дејли мејл“.
Некое време подоцна, Пери бил пронајден мртов во тоа џакузи, со лицето потопено во вода, а се испоставило дека инјекцијата со кетамин била фатална. Ивамаса, инаку, се изјасни за виновен по обвинението дека му дал на покојната холивудска ѕвезда кетамин, што ја предизвикало неговата смрт.
Истите документи откриваат дека актерот претходно два пати бил пронајден во несвест во неговиот дом.
Покрај Ивамаса, за смртта на Пери се обвинети и Џасвин Санга, која ја нарекуваат и „кралицата на кетаминот“ на Северен Холивуд, докторот Салвадор Пласенсија од Санта Моника, докторот Марк Чавез од Сан Диего и Ерик Флеминг. По обвиненијата, американскиот обвинител Мартин Естрада објави дека обвинетите биле дел од „огромна подземна криминална мрежа“ и дека „ги искористиле проблемите со зависноста на Метју за да се збогатат“.