Откријте кои се бенефитите од филтрираната вода
Редовната
хидратација е клучна за здравјето на организмот, а за секој човек да може да го
извлече максимумот од себе, потребно е да консумира вода што е чиста, безбедна
и полна со хранливи вредности. Сето тоа може да се обезбеди со квалитетен и
модерен пречистувач којшто ќе ја филтрира водата од чешма. Освен што ги
отстрануваат штетните честички, овие уреди извршуваат и низа други функции кои
што водата за пиење ја прават исклучително квалитетна.
Најпрво, пречистувачите ја ослободуваат водата од хлорот, којшто иако е добар за да ја дезинфицира, може на долг рок негативно да влијае врз здравјето. Со помош на овие апарати, од водата се отстранува и бигорот, односно еден од елементите кои што ја прават „тврда“. Дополнително, како резултат од неговото дејство, водата може да добие и несоодветен вкус, а со текот на времето, бигорот се таложи во цевките и на мијалниците. Предност што ја носи филтрирањето вода е и заштитата на природата. Десетици милиони литри нафта се користат за да се добие флаширана вода, а по нејзиното користење, пластиката е таа што останува да ја загадува околината.
Познато е дека редовното пиење вода помага да се подобри хидратацијата на кожата. Ако, пак, таа вода е филтрирана, значи дека на организмот ќе му треба помалку време и енергија да ја обработи и во исто време да ја одржи влажноста на кожата на соодветно ниво. Без разлика колку е чиста, водата од чешма, сепак, може да содржи штетни органски материи, како и хемикалии, а тие влијаат врз храната која со неа ја подготвувате. Со филтрирањето на водата тоа се отстранува, со што оброците стануваат значително повкусни и поздрави.
Палетата на пречистувачи на вода постојано се проширува, а меѓу најразличните производители отскокнува Aquaporin. Иновативен и уникатен, овој дански бренд филтрацијата ја врши брзо и лесно, со што се добива вода чијшто квалитет е неспоредливо подобар од стандардната.
Филтрите на Aquaporin отстрануваат хлор, бигор, пестициди, вируси и бактерии, со што од чешмата истекува темелно чиста и безбедна вода. Принципите на Aquaporin се нагласено еколошки, што значи за кусо време може да се исфилтрира поголемо количество течност, а тоа гарантира помал степен на отпадна вода и секако, се рефлектира со пониски трошоци.
Уникатната технологија на Aquaporin во земјава е достапнапреку моделите ZERO и ONE. Овие лесно монтажни уреди можат да се сместат во секоја кујна или под каков било мијалник, а нивниот дизајн е нагласено модерен и елегантен. ZERO функционира без да користи електрична енергија, а ONE обезбедува висок, континуиран проток на пречистена вода дури и на места со низок притисок на водата.
Пречистувачите на Aqauporin се изложени во модерната концепт-продавница на официјалниот застапник „Ецотип“ на ул. „Орце Николов“ бр. 202/3-1 во Скопје. Подетални информации се достапни на следниот линк.
ПР објава