Отмена наследничка која го „украде“ срцето на внукот на Грејс Кели: Која е жената за чиј стил зборува цел свет?

Добивај вести на Viber

Таа е италијанска новинарка со аристократско потекло и сопруга на внукот на познатата Грејс Кели.

Беатрис Боромео е италијанска новинарка со аристократско потекло и сопруга на Пјеро Казираги, кој е син на принцезата Каролина од Монако и внук на познатата Грејс Кели.

Еволуцијата на нејзиниот стил започна кога Беатрис работеше како модел, а сега оваа ИТ девојка со својот моден изглед ги остави зад себе познатите кралски дами Кејт, Меган и Летиција.

На својата венчавка во Монако, Беатрис носеше не една, туку четири венчаници: две од Валентино и две од Армани Приве, што беше доволен знак за тоа каков моден познавач е таа. 

На црвениот тепих е забележлива наклонетоста на принцезата Беатрис за балски фустани кои благодарение на нејзината вродена префинетост успева да ги претстави на највисоко ниво.

За поформални прилики таа често избира палта по мерка на Џорџо Армани, додека во секојдневните комбинации често носи фустани од Alberta Ferretti и Dior. 

Пред ревијата на Диор за пролет/лето 2021 година, парискиот бренд ја покани да стане амбасадорка на куќата, па видовме како изгледа кога Беатрис носи лежерен комбинезон во комбинација со тренди патики. 

Која е всушност Беатрис Боромео?

1. Таа е мајка

Заедно со сопругот, Беатрис има два сина: Стефан и Франческо.

2. Дипломирала на колеџот Ivy League

Посетувала некои од најдобрите училишта во светот, а кога магистрирала новинарство, тоа го направила во 2012 година на Универзитетот Колумбија.

3. Таа е ќерка на гроф

Нејзиниот татко е Дон Карло Фердинандо Боромео, гроф од Арона, а нејзината мајка е грофицата Дона Паола Маркото. 

4. Нејзиното семејство ги поседува островите

Нејзиното потекло вклучува некои од најпознатите Италијанци во светот. Нејзиното семејство е многу богато и ги поседува поголемиот дел од Боромејските острови, кои се наоѓаат во Лаго Маџоре. 

5. Таа е атеист

Иако е поврзана со кардинал на Римокатоличката црква, кој подоцна бил прогласен за светец, Беатрис се смета себеси за атеист.


Фото: Профимедиа

Можеби ќе ве интересира:

Со години се шпекулира дека ќерката на Грејс Кели и принцезата Шарлин не се поднесуваат и дека причината е пустата моќ: Палатата го прикрива скандалот, но овие детали ја вознемирија јавноста