Со години се шпекулира дека ќерката на Грејс Кели и принцезата Шарлин не се поднесуваат и дека причината е пустата моќ: Палатата го прикрива скандалот, но овие детали ја вознемирија јавноста

Добивај вести на Viber

Традиционалниот Бал со рози на кнежевството во Монако неодамна ги собра членовите на палатата, но принцезата Шарлин, сопругата на Алберт II од Монако, отсуствуваше на настанот, што повторно ги разгоре гласините за несогласување меѓу неа и принцезата Каролина. 

Принцезата Каролина од Монако, сестрата на Алберт, ја имаше првата улога на споменатиот бал. За потсетување, познатата актерка Грејс Кели и Рение Трети од Монако во бракот ја добија и ќерката Стефани.

Принцезата Каролин имаше задача да го води настанот, на кој дојде во друштво на својот брат, а на кој присуствуваа и нејзините ќерки Шарлот и Александра. На балот имаше и светски ѕвезди како пејачката Џенет Џексон која се појави со нова фризура.

Кнежеството Монако се‘ уште не соопштило зошто принцезата Шарлин отсуствувала на празничниот настан. И од кога најтажната принцеза и принцезата Каролина не се поднесуваат? 

Причината за ваквите приказни е фактот што по смртта на нејзината мајка Грејс Кели во 1982 година, Каролина ја презема улогата на првата дама на Монако. И тоа траеше до 2011 година кога нејзиниот брат се ожени со Шарлин.

„Предавањето на власта“, наводно, не поминало без проблеми бидејќи на Каролина и било тешко да и биде одземена улогата додека Шарлин сѐ уште се чувствувала како да е во позадина.

Додека кружеа такви приказни, судот се обиде да ги смири гласините тврдејќи дека Шарлин на свадбата носела фризура инспирирана од Каролина, и дека ќерката на Грејс Кели била вклучена во дизајнирањето на фустаните на деверушите за свадбата на нејзината снаа, пишува royalcentral.co.uk. 

Каролина во меѓувреме се посвети на улогата на баба, но и на бројни добротворни акции. Таа, исто така, учествуваше на јавни настани придружувајќи ги нејзината снаа и брат. Според некои, таа прифатила улога од „понизок ранг“, што не ги смирило гласините.

Семето на раздорот е договорот што, според францускиот магазин „Воиси“, Шарлин го потпишала со својот сопруг. Според тој документ, принцезата ќе добива 12 милиони годишно од сопругот и нема да мора да живее во палатата која за неа е место на грди спомени.

Ставката што се однесува на Каролина гласи: ако Алберт II умре, пред да стане полнолетен неговиот син Жак (7), неговата сестра привремено ќе го преземе тронот. На Шарлин ќе ѝ бидат доделени помали должности.

Приказната за тој договор дополнително ги подгреа сомнежите дека Шарлин е многу несреќна во бракот и животот во Монако. Со јавните испади со сопругот кои ги гледаме во последно време, се чини дека сака да го побие тоа. 

Дека Шарлин е незадоволна со својот живот се шпекулира речиси од почетокот на нејзината врска со Алберт, која започна во 2000 година (тоа беше официјално потврдено во 2006 година). Оттука и нејзиниот прекар „најтажната принцеза на светот“.

Што е вистина, а што шпекулација? Понекогаш фотографиите кажуваат многу, а знаете што велат - каде има чад, има и оган.


Фото: Профимедиа

Можеби ќе ве интересира:

Принцезата Шарлин блеска покрај сопругот во ангелска комбинација: Сите зборуваат за насмевката на нејзиното лице (ФОТО)