Отмено, смело, позаводливо од фустан: Класичното издание на Пенелопе Круз кое светот го гледа со подотворена уста (ФОТО)

Добивај вести на Viber

фото:EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Кралицата на женствениот и романтичен стил, актерката Пенелопе Круз понекогаш излегува од својата комфорна зона и го потсетува светот зошто ја обожаваме

Кога ќе помислите на шпанската актерка Пенелопе Круз, на памет ви доаѓаат романтични балски тоалети, „Шанел“ и шик мини здолништа, но познатата оскаровка сега покажа дека може да облече било што и да хипнотизира со својот изглед.

Пенелопе вчера се појави на премиерата на нејзиниот нов филм „На маргините“ (En Los Márgenes) во многу елегантен костум и уште еднаш покажа зошто има статус на една од најдобро облечените жени на денешницата.
Актерката позираше во црн костим со класичен дизајн, составен од црни панталони со прав крој и сако, кои ги искомбинирала така што Мадрид остана без здив.

Пенелопе носеше едноставна бела кошула под блејзерот, а сè заокружи со црна сатенска вратоврска, што дополнително го зголеми впечатокот на облека што зрачи со деловен стил.


Оваа комбинација обично се смета за една од оние во кои најмногу ќе гледате мажи, но ѕвездите како Зендаја, Бела Хадид и Ирина Шајк веќе покажаа дека, со совршена фигура и самодоверба, овој стајлинг може да биде најдобриот можен избор за една жена, за свечени прилики.

фото:EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Покрај тоа, Пенелопе носеше штикли на платформа со многу тенки и високи потпетици, модел од црн сатен, а тоа се чевлите со кои ја видовме и минатата година во ова време додека го промовираше филмот „Паралелни мајки“ (Madres parallelas ).

Со толку ефикасен аутфит, актерката ја пушти косата во ненаметливи бранови, а избра минимална шминка која ја истакнува природната убавина на нејзиното лице.

извор:GLOSSY