Пенелопе Круз шармира во „Барби издание“: Го има најубавиот фустан со трегери што сме го виделе (ФОТО)
Розовата боја е апсолутен хит на летната сезона, а Пенелопе Круз докажа дека розовите тонови никогаш не се премногу.
Шпанската актерка Пенелопе Круз дефинитивно знае како да се облекува за да остави впечаток, а нејзиниот најнов изглед е еден од најефективните досега!
Познатата оскаровка присуствуваше на гала вечера во Њујорк организирана од модната куќа „Шанел“, чиј покровител е Пенелопе, а во рамките на филмскиот фестивал „Трибека“. Станува збор за фестивал основан од Роберт де Ниро, Џејн Розентал и Крег Хаткоф , кој секоја година собира ѕвезди, а често е придружен со гала вечери како оваа што сега ја организира францускиот бренд „Шанел“.
Пенелопе Круз на забавата пристигна во фустан во интензивна розова боја со потпис на оваа модна куќа, а се работи за макси модел кој е блиску до телото во горниот дел, а се шири од колковите и паѓа на подот, составена од дискретни мали логоа на модната куќа „Шанел“.
Интересен детаљ се трегерите со копчиња наместо класичните прерамки, кои најчесто се резервирани за полежерен стил, но дизајнерите успеале да ги искористат и за елеганција.
Своето лелеаво издание Пенелопе го комплетираше со квадратна чанта од истиот бренд, а тука се и црните сандали.
Наизглед едноставно, но вистинско мало модно ремек дело – и доказ дека розовата никогаш не е премногу!
Ова не е првпат Пенелопе да го одбере розовото „Барби издание“, бидејќи на забавата по повод Оскарите се појави во розов, мини модел на „Шанел“ инспириран од класичниот сет на оваа куќа.
фото:PROFIMEDIAизвор:GLOSSY