Отмено за финале: Јелена Ѓоковиќ го маѓепса Торино каде Новак го освои трофејот на завршниот Мастерс (ФОТО)
За посебниот момент во кариерата на својот сопруг, Јелена Ѓоковиќ подготви многу елегантно издание.
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ вчера го освои Завршниот турнир за оваа година во Торино, а прославата по освојувањето на титулата беше посебна бидејќи беа присутни неговите најблиски.
Српскиот спортист го победи Каспер Руд, а важен момент го прослави во прегратките на синот Стефан, ќерката Тара и сопругата Јелена, која повторно остави силен впечаток со своето модно издание.
Сопругата на Новак Ѓоковиќ е позната како некој што сака да експериментира со стилови и ја имаме видено во различни изданија во тенисерската ложа, но за овој финален меч избра - гламур!
Јелена за оваа пригода избра елегантна затворена блуза со мини-ролка, а висечките обетки ѝ дадоа дополнителен шмек на елеганција. Нејзиниот избор на фризура е особено ефективен: таа се одлучи за ниска пунџа, што е наједноставниот начин да постигнете шик изглед.
Косата ја раздели на страна и ја врза во пунџа над вратот, што се прави за секунди и е одличен избор доколку приликата бара елеганција.
фото:PROFIMEDIA
Покрај тоа, Јелена носи и ефективни прстени и алки, а својот изглед го заокружи со ретро очила за сонце. На фотографијата што ја сподели на Инстаграм по натпреварот, а на која позира во прегратка со саканиот, Јелена покажа дека облекла и длабоки црвени панталони со пошироки ногавици.
извор:GLOSSY