„Отсекогаш се прашував, како е можно таков артист како него, и после 20 и кусур години на сцена да е толку возбуден и неизмерно среќен“: Мишел Трајковски за Андреј

Нашиот познат хармоникаш Мишел Трајковски се огласи на социјалните мрежи, а целата ојава е за Андреј, дел од дуото ДНК кој трагично загина во дискотеката на смртта во Кочани:
„Најтешкaта и најдолга инстаграм објава... трае
шести ден.. стани сабајле, напиши нешто... предомисли се, прикачи слика, натажи се....
па фрли телефонот во некој ќош... и така во круг цела недела.
Два дена пред тој кобен ден, ете го на телефон..
Насмеан, позитивен, во негов стил со полна енергија ме викна да се видиме за настанот на кој требаше заедно да настапиме сега во април.
Од секогаш се прашував, како е можно таков артист како него, и после 20 и кусур години на сцена да е толку возбуден и неизмерно среќен пред секој настап, да и се радува на секоја нова песна како да е прва.
Но затоа беа, и ќе останат на врвот уште долго.
Беше еден од ретките со кого можев да анализирам композиции од репертоарот на Шабан Бајрамовиќ, па до Пако де Лусиа, од Ричард Галиано па се до Бени Гудман и Џанго Рајнхард.
Особено ја обожаваше хармониката и уживаше во секоја отсвирена нота.
Почивај во мир... А свирката ќе ја оставиме за некоја наредна прилика..
Бог да ги прости сите кои трагично го загубија својот живот..... ќе жалиме уште долго.
А ти Македонијо! Освести се
Право на грешки повеќе немаме!“