Помош во вистинско време: Иван Ивановски и тимот за неколку дена со 200 000 евра помош за Кочани

Групата млади ентузијасти, предводени од познатиот финтек аналитичар Иван Ивановски, инаку самиот граѓанин на Кочани, преку платформата „Поддржи го Кочани“ (supportkochani.com) собрале на 12 милиони денари за само неколку дена.
Ивановски успехот на донаторската платформа го гледа во мобилноста и можноста да се избегнат долгите административни процедури, што придонело во ефикасното собирање на потребните средства по големата трагедија што го снајде Кочани и земјата.
„Ја отварате страната, ги гледате сите повредени и починати. Нашиот тим ги контактираше фамилиите и ги праша дали информациите можат да се споделат на страната за луѓето да можат да донираат. Ги земаме податоците, ги ставаме на веб страната со тоа што дури имаше и лажни профили на социјалните мрежи кои се претставуваа дека се од Кочани за да можат да заработат. Сè е базирано на транспарентност и директна комуникација со јавноста. Секој ден ги информираме граѓаните за тоа колку пари се собрани и како ќе бидат распределени. Досега собравме 12 милиони денари, а благодарение на поддршката од луѓето, локалните фирми и волонтерите, иницијативата функционира одлично“, вели Ивановски за ММС.
Подетално читајте на Фактор тука.