Водителот и комичар Зоран Ќесиќ на посебен начин изрази сочувство до сите Македонци за трагедијата во Кочани: Денес патиме со вас, тоа ќе го направиме и утре повторно

Добивај вести на Viber

Српскиот актер, водител и комичар Зоран Ќесиќ во неговата емисија „24 минути со Зоран Ќесиќ“ на посебен начин оддаде почит за загинатите во пожарот во Кочани и изрази сочувство до сите Македонци.

„Знаете дека на крајот од емисијата имаме некој бенд, вечерва ете не мора да има музика, нека во душите ни засвири „Зајди, зајди“, „Битола“ или мене најдрагата „Ајде слушај, слушај“. Нешто преубаво и тажно од што ќе добиеш морници и ќе се потсетиш на еден народ којзнае да пее, знае да се смее, знае да радува, знае да угости и секогаш си добредојден.

Се потсетуваш на една земја „каде сонцето вечно свети“ и каде има едно езеро големо како море, што не му се гледа крајот.

Последната порака во вечерашната емисија нека биде љубов, солидарност, поддршка и сочувство за големата болка која се случи на нашите соседи, нашите пријатели, нашите браќа и сестри во Македонија, по пожарот и незапаметената трагедија во градот Кочани. Денес патиме со вас, тоа ќе го направиме и утре повторно, уште погласно ќе пееме со вас. За Македонија“, рече Ќесиќ во емотивната одјава.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб