Не ми дозволија да се образувам, на мајка ми ѝ ја скратија пензијата, сестра ми порано созреа: Ана Дедова, поетеса, за животот со церебрална парализа

Добивај вести на Viber

 -25 март е Светски ден на подигање на свеста за церебралната парализа, а во повеќе држави март е посветен на активности кои нè потсетуваат на повеќе 17 милиони луѓе во светот со ова заболување.
- Церебралната парализа е една од најчестите физички попречености што ги погодува најранливите - децата.
- Таа останува присутна во текот на целиот живот, засега без ефикасен лек за целосно опоравување, но со можност со примена на одредени медицински третмани, физикални вежби, ортопедски помагала и оперативни зафати, состојбата значително да се подобри.

По повод денешниот ден, се потсетуваме на интервјуто со поетесата Ана Дедова, за животот со церебрална парализа.

Според поетесата Ана Дедова, која има церебрална парализа од раѓање, лицата со некаков вид на попреченост се изложени на дискриминација и неправда секој ден.

- Потребни се повеќе едуцирани надлежни институции, ако ги има воопшто во нашава земја. Но, да се надеваме дека работите ќе тргнат на подобро, бидејки секој има право да биде прифатен од општеството - посочува таа.

Со пишување се занимава 26 години, издала 5 книги. „ОхридскиБисери“ (2012)е главен виновник за нејзините почетоци во кариерата. Втората книга е „Илузија“ (2015),а третата е напишана на хрватски јазик и е посветена на хрватската пејачка ѕвезда Данијела Мартиновиќ. Последните две изданија се насловени „Везот на животот“ (2019) и „Гласот на мојата душа“ (2021).

- Во мојата поезија дише мојата душа, претежно пишувам за мојот живот. Во моите книги има многу автобиографски стихови. Секој родител, па и самото дете кога ќе порасне има желба да биде образован граѓанин. Па и нека е тоа дете со некаква попреченост, зар теба да биде отфрлено и исклучено од образовниот систем? Мене ми го скратија тој сон, зашто бев поразлична од останатите. Мојата иронија не е што не успеав во образованието. Туку што постојано се зборува за тоа, а сепак се тапка во место -потенцира Дедова и ја појаснува причината за незјината здраствена состојба.

- Мајка ми до самото породување, не знаела дека во утробата носи близначки. Во тоа време немаше ехо, иако редовно одела на контроли. Јас сум првородена, и го извлеков дебелиот крај. Како дете, во раната младост одев сама без проблем, ама како што изминуваат годините, ми треба придружба само кога сум надвор. За тоа објаснување никој нема, па ниту јас. Немам никаква финансиска помош, ниту социјална помош, бидејќи ме направија неспособна за работа. Мајка ми добива нега за мене во износ од 4.800 денари. Тоа е сѐ што ми следува како лице со попреченост. Што се однесува до личниот асистент, тоа ми го доделувваат секогаш кога има такви проекти.Досега имав тројца, а со сегашната асистентка сум многу задоволна. - открива поетесата.

Целото интервју прочитајте го тука.