Изгледаше како да сме ја згрешиле адресата, а внатре „спејс-шатл“: Вака Марија Микиќ се потсети на настапот во „дискотеката“ во Кочани

Добивај вести на Viber

Трагедијата што се случи во Кочани, го потресе целиот регион.

Многу уметници настапија во дискотеката во која животот го загубија 59 лица, а 200 беа повредени. Меѓу нив е и српската пејачка Марија Микиќ, која како и сите нејзини колешки ја потресе страшната трагедија. Микиќ се присети на нејзините настапи во споменатата дискотека и откри како всушност изгледало местото кое однесе толку многу животи.

- Видовме дека животот е момент. Ах...гласот ми застана. Навистина потресно. Некои весници пишуваа дека јас сум пеела, мајка ми ми се јави истрауматизирана дека цело семејство ѝ се јавило, не знаеле како се вика дискотеката. Работевме во тој клуб пред една година. Ќе бидам целосно искрена, кога ќе пристигнете пред тој клуб изгледа како да сте ја згрешиле адресата, а кога ќе влезете внатре е спејс шатл. Публиката е прекрасна, енергијата е нешто што не го очекував од едно вака мало место како Кочани, а сега цела се наежив - рекла Марија.

Пејачката откри дали на нејзиниот настап биле користени пиротехнички средства, како на денот кога трагедијата ја зави Македонија и целиот регион во црно.

- Не, мислам дека тоа не беше случај со мене. Се разбудивме тогаш и мојот мозок не можеше да сработи таква трагедија, како што минуваше денот станував се полошо и полошо, не можев ни да влезам на Инстаграм, но ете... Изразувам најдлабоко сочувство, Македонците се посебен народ со посебна енергија и љубов кон музиката - изјави пејачката.

Микиќ изјави дека имала закажан настап во Македонија но го откажала поради трагедијата. Тоа го направија и нејзините колеги Здравко Чолиќ и Анѓела Игњатовиќ Бресквица.

- Го откажавме настапот што требаше да се одржи на почетокот на април. Не знам како следниот пат ќе застанам на сцената и како ќе им се обратам – заврши Марија Микиќ во емисијата на К1.